Битолчани дебитанти на СЕХА Ф4

Навистина силно ќе одекнеше веста дека Македонија има двајца претставници во СЕХА Ф4. Пеналите во Скопје и Битола одлучија. Вардар неуспеа но Пелистер е веќе во Задар.

Навистина исклучителна тешка задача е пред битолчани. Веспрем на мојата листа на топ 10 клубови во светот е многу високо. Само проклетството не им дозволува да се закитат со титулата во Лигата на Шампионите.

Битола е малку поголема од Веспрем, а Пелистер е нешто постар клуб, но двата клуба имаат прилично различна историја. Сепак во моментов двата клуба се и на различна фаза од развојот на клубот па и на тимот.

Пелистер влегува во новата фаза по потпишувањето на платформата за ракометна Битола, добивајќи стабилни финансии и добро втемелен патоказ. Битола сака титула првак на Македонија и излез на блескавата сцена на Лигата на Шампионите. Од како се ослободија од балканскиот шмек играчки и тренерски, битолчани се завртија на југ и малку полево и погоре. Ангажирајќи мешавина од одлични африкански и европски играчи, силно надополнети со македонци во ростерот.

Е сега ако земеме в предвид дека овој тим е заедно само неколку недели, и одигра едвај 4-5 натпревари, а од друга страна чека Веспрем, при тоа читајќи ја изјавата на Валтер дека очекува добра забава, јасно е зошто коефициентот е поставен 1,05 за победа на Веспрем и фантастични 12 за победа на Пелистер.

Долго време барав дупки во аналитичарите на големите обложувалници и убеден сум дека ги има многу, но овој пат со жалење констатирам дека се блиску до вистината.

Како и да е, Веспрем е апсолутен фаворит, иако таков беше и на тој 2 октомври 2019 па сепак Пелистер му го зема скалпот, но ние впрочем сеуште не го знаеме вистинското лице на овој нов Пелистер. Па тука можеби се крие и најголемата предност.

Повторно датумот е втори, па ако се потпреме на суеверие а не на ракометни факти, можеби вреди да се ризикува !

02.09.2022 во Задар од 20,30ч Веспрем Пелистер, полуфинале

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...