Фото Рк Алаклоид
Во Скопје Фармацевтите го пречекуваат Данскиот хибрид, Бјерингбро Силкеборг.
Данскиот клуб е основан во 2005 та година, со спојување на два клуба од истоимените градови. Тоа за нив не беше никаков хендикеп бидејќи во својата кратка историја остварија сериозни успеси. Интересно е, иако не е новост, градовите кои стојат зад клубот се навистина мали, па така едниот има едвај 8000 а другиот само 51000 жители.
Погонувани се на исклучиво скандинавски сили, Дански и нешто малку Шведски, со Финец како кормилар, што укажува на фактот дека не се ниту суетни ниту самобендисани. Сепак има и наше, балканско присуство во ликот на Шведот Богојевиќ.
Во ростерот составен од многу млади играчи одскокнуваат две имиња. Две скоро па легенди, Расмус Лауге и Тофт Хансен. Сериозни ракометни авторитети кои за наша среќа сме имале многу прилики да ги гледаме во живо во Скопје. На овие две легенди додаваме уште тројца исклучително искусни играчи и тоа голманот Сјостранд со завидно клупско и репрезентативно резиме, десниот бек Балинг и пивотот Нилсен.
Играта оваа сезона им е променлива, па така по воведното размонтирање на Ла Риоха следеше пораз од Војводина, можеби неочекуван но имајќи го впредвид младиот состав, можеби и не толку.
Инаку тие во изминативе две сезони испаѓаа во квалификациите за Лигата Европа, но тоа никако несмее да залаже. Од друга страна во домашното Данско првенство играат солидно но сепак годинава имаат скор од 7 победи и 4 порази.
Ниту коефициентите не се на страната на Алкалоид, но ние често уживаме во моментите на лоша проценка на букмејкерите.
За Алкалоид, одлична прилика да се соочат со можеби во моментов најдобриот ракомет на светот, скандинавскиот и притоа растеретени да се обидат да сервираат изненадување.
Евентуална победа пак би значела подотварање на вратата кон втората фаза. Нешто што за нашиот млад тим и млади играчи е скапоцено !
Тренерот Лазаров, во своето селектроско деби токму против Данска се прикажа во фантастично светло. Дали Данците му лежат и дали ќе може да го повтори тоа чудо ќе видиме денес во Јане.
Повик до сите љубители на ракометот, за подршка на нашите млади воини !
Во Скопје 14.11.2023 год, во СЦ Јане Сандански од 18,45 часот, трето коло ЕХФ Европа Лига
РК АЛКАЛОИД РК Бјерингбро Силкеборг