Македонија – Аргентина !

Магливо влегуваме во 2023 тата година од таканареченото современо време. Незаборавајќи што се се случуваше изминативе неколку години, фокусот на безличноста уништувањето на моралот и традиционалните вредности, алчноста на моќните, лицемерието и криминалот, хм средниот мрачен век ми делува како детска серија.

Македонија е една од жртвите на актуелните владеачки мрачни сили, и само благодарејќи на духот кој овој напатен народ го има запишан во гените, сеуште сме тука и не се предаваме.

Преку спортот го живееме актуелниот однос на сили и ги преживуваме можеби најтешките години од осамостојувањето. Долго време не признаени, сега преименувани, безмилосно санкционирани, нашите клубови и репрезентации, нашите спортисти се борат не само со своите спортски ривали ами и со политичките притисоци.

Јануари со години наназад е резервиран за ракометот. Често оспорувана, многу критикувана а сепак најсакана, машката ракометна репрезентација е нашиот, Македонски непокор.

Во Полска и Шведска за неколку денови ќе започне 28 то светско првенство во ракомет. 32 репрезентации ќе истрчаат на теренот во лов на своите соништа. Македонија се наоѓа во групата Ф, заедно со Норвешка, Холандија и актуелниот светски шампион, во фудбал, Аргентина.

Време е да се запознаеме со нашите противници.

Како критериум за редоследот, погледнав кон ИХФ ранкингот и веднаш следеше изненадување! Норвешка е 9 та, Холандија 19 та, Аргентина 26 та и најслаб ранкинг има Македонија 35 та !?

Па почнувам од “најслабите”, АРГЕНТИНА.

Тие се синоним за страст кон спортот, кон фудбалот пред се. Не постои човек на планетата кој не чул за Марадона, за Меси. Аргентинците се своевидна атракција во ракометот. Откако ќе се појават на светската сцена некаде во 1997 та, постојано ќе учествуваат на светските првенства. Нивниот рејтинг верувам е благодарение на континуитетот на учества на светските првенства, како и на одличните настапи на латино америчките првенства од 1996 година па навака, освојувајќи 7 златни, 4 сребрени и 1 бронзена медаља. Импресивно !

Од настапите на светските првенства за одбележување се на два пати освоените 12 места, во Шведска 2011, во Катар 2015 и секако нивниот најголем успех 11 место на последното светско во Египет 2021 година. Токму во Египет го имаат и највеличенствениот скалп, победа над Хрватска 23-19.

Тие имаат и 3 учества на Олимписките игри, но за нивна жал од таму немаат со што да се пофалат. Само 2 победи и 13 порази.

На што уште се гради рејтингот на Аргентина? Од пријавените засега 19 ракометари, 14 настапуваат во Шпанија, 2 во Франција и по еден во Португалија, Египет и Германија. Нивни главни ѕвезди се Симоне и Москарело од францускиот Монпелје, Пизаро од шпанската Куенка и Паркер од египетскиот Замалек.

Аргентина и Македонија досега се немаат сретнато. Предност или недостаток за тренерите. Аргентина долго беше предводена од одличниот Маноло Каденас, но тој по неуспехот на последната Олимпијада беше заменет со Гиљермо Милано. Тим кој, по рејтинг и минато, по актуелен состав и по сите ракометни фактори, очекувам да го победиме. Верувам ќе биде тежок натпревар, за кој дополнителни фактори ќе бидат и претходните резултати за двете екипи. Но, очекувам победа во рамките на нашата слатка маргина 2.

17.јануари 2023 во Краков со почеток од 18 часот, Македонија-Аргентина

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...