Македонија, каква и да е, е апсолутен фаворит.

Македонија и Турција имаат долговековно “пријателство”.Од расплетот и развојот на односите помеѓу овие два народи, Македонскиот и Турскиот, не учиме воопшто. Имено иако беа наши крвни непријатели со векови, Турците се можеби едни од единствените, покрај браќата Срби, кои до ден денес не почитуваат онакви какви сме, Македонци.

Од друга страна пак ракометно, и немавме некоја долга врска. Главно се среќававме на медитеранските игри и само еднаш, двапати, во група за квалификации. Разликите во појдовните и развојните точки од секогаш постоеле. Македонија за Турција била, е и искрено се надевам, ќе биде ракометна икона. Од таму очекувањата во македонско-туските дуели за Македонија се победа како императив, а за Турците, верувам, можност да изненадат и да научат. Турците имаат само една победа и тоа на медитерански игри, но паметам и две исклучително тешки утакмици во Битола и Есхишекир. Во моментите под палка на Ел Команданте, баш се намачивем со “Аскерот”.

Некако звучам арогантно, но не и дрско се надевам, но Македонија освен за победа несмее да размислува никако поинаку. И да така треба и да се отпатува таму, цврсто на нозе и на тие 800м2 квадратни да се потврди она за кое сме сите свесни.

Да Турција не смее да се потцени, тие иако не делуваат така, одамна се занимаваат со ракомет. Впрочем можеби и подолго од нас, но сепак нивото секогаш било ниско. Во повеќе наврати низ историјата учеле од германските тренери но очигледно фокусот не бил прецизен.

Како и да е, ниту клубскиот ниту репрезентативниот ракомет турски никогаш не испливал на површина. Па ризикот од неуспех со тоа расте.

Македонија, каква и да е, е апсолутен фаворит.

Во Турскиот тим доминираат играчи од домашното првенство, всушност овојпат Македонија има помалку “странци”. Но вреди да се напомене дека имат двајца пивоти кои играат во Германија, еден играч во Романија и еден нам добро познат, а интересн играч, од редовите на Охрид, кој малку подзаглави на границите, па не настапи против Португалија.

Тие изиграа еден очаен дуел со Португалците, за кој сите се сложуваат дека не е реална слика на нивната сила и квалитет. Па верувам ќе бидат силно мотивирани па можеби и притиснати да загризат по сериозно со Макеоднија. Е тука всушност, ние, ќе ја видиме пак пореалната слика на нашата репрезентација. Оти факт е дека дуелот со Луксембург беше како рутински преглед на спортска медицина, додека сега ќе следи подетално испитување, ЕКГ, магнет, компјутер па можеби и Бип тест.

Оптимизмот е на високо ниво, Македонија во прва постава има исклучителна листа на прекалени борци. Манасков и Ѓеоргиевски на крилата, Пешевски и Марковски на пикер, Митревски и Томовски на голот, преродениот Талески и германецот Кузмановски на лев и среден и можеби најтенката по искуство не по талент сигурно, десна надворешна со Серафимов и Јагуриновски. Ова по мене би требало да е доволно за победа. Свој придонес очекувам и од Ѓоргиев кој веќе не е така нов, Цветан Кузмановски и Костески, како и од најмладите, Атанасијевиќ, Џонов и Младеновиќ. Трансферот на Петров на север сепак се покажа како добар со оглед дека после подолго време го гледаме повторно во прв план.

Коефициентите во кладилниците во склад со мојата реторика. Се освен победа за Македонија ќе биде безмалку сензација.

Недела е убав ден, Ван е град во Источна Турција, главо населен со Курди. Блузу до Иран, на брегот на истоименото Ван езеро. Интересно е дека Ван е познат по најубавиот турски ќебап.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...