МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА!

Фото РФМ

Во блокот посветен на викинзите, само неколку забелешки. Минутите, сепак за Македонија.

Норвешка е екипата од нашата група со највисок рејтинг. Оправдано. Тие иако ракометна нација, имаат периоди на апстиненција од светската мапа. Но паузите сосема добро ги користеа и се враќаа на голема врата. Чисто за споредба.

За нив ова е 16 то Светско, на последните три беа високо пласирани, двапати втори и еднаш шести. Вистина е дека на секои 3-4 светски имаат период на отсуство. Но се враќаат посилни. Овојпат се враќа и нивната најголема ѕвезда Сандер Сагосен. Кај нив промена има на селекторската позиција исто како кај лалињата, па останува енигма како тие ќе одреагираат. Македонија досега се има сретнато повеќе пати со нив и има негативен биланс, без победа и со едно историско реми во 2016 година.

Тие се апсолутни фаворити во групата, па така и коефициентите се поставени за да затрепери раката ако некој помисли на обложување.

Но моите минути одат за Македонија.

Тажни што една така важна група првоборци не е во првите редови, но некако ослободени од тежината на нивното наследство, иако англискиот Legacy, повеќе ми ја доловува нивната важност.

Македонија зачекорува во новата ера. Ова треба да биде ерата за која долго се зборуваше дека македонскиот ракомет ќе го снема од сцената. Анализите и прогнозите дека не не бива и дека после Кире, доаѓа потоп, со години беа протежиранио од одредени центри. Зошто ? Не знам, или можеби знам, но тезата ми е прерадикална. Ера за која голем број стручњаци и ракометни познавачи говореа дека воопшто нема да почне.

Епа дефетисти СТОЈ, Македонија се сака и во добро и зло !

Ова е практично прво, но по почнатите квалификации, ни се насмевнува и второто, европското 2024, големо натпреварување. Од устите и перата на малку посериозни аналитичари, веќе пристигаат прогнозите дека Македонија плодовите од својата посветеност ќе почне да ги собира во 2025… значи, ЕРАТА започна и никој неможе да ја запре!

Македонија, ќе се обиде да игра еден поинаков ракомет. Тимот, новиот селектор така и го гради. Со години немавме трпение и бевме, и јас бев и престроги, пренестрпливи. Знаевме дека борците можат и вредат, но ете едноставно тоа 5 то место од Србија не успеавме да го повториме. Комплексна е анализата, уште покомлепксни се факторите кои влијаат за да такво нешто треба да се случи. Федерација, општини, градови, Влада, Агенција за спорт, школи, клубови, тренери, пари, навивачи, сали, страст, купени карти, аплаузи…

Ракометната репрезентација на МАКЕДОНИЈА, со години е нашиот горд Амбасадор. Просто треба да ја сакаме и подржиме, дали се враќала со штитиот или на него !

МАКЕДОНИЈА е се што имаме!

Legacy –

долготрајното влијание на одредени настани, дејства итн. што се случиле во минатото или на животот на една личност или заедница !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...