Ракометната репрезентација на Македонија е женска сениорска репрезентација што ја претставува Македонија на светската ракометна сцена во женска конкуренција. Репрезентацијата е раководена и е под закрила на РФМ. Тренер на репрезентацијата е Симе Симовски, а капитен на репрезентацијата е Елена Ѓорѓиевска.
Приказната започнува во 1995 година кога за првпат по распадот на СФРЈ се формира како засебна репрезентација на Македонија. Набрзо потоа следат и првите успеси, 1997 година 7 ми на Светско, 98 ма 8 ми на Европско, а потоа 99 та повторно 8 ми на Светско и 2000 та на Европско.
Од тогаш следи падот. Со исклучок на 7 то место во 2008 та кога бевме домаќини останатите резултати не беа за спомнување, а заклучно со европското во Србија 2012, каде завршивме последни без ниту една победа, веќе не се појавивме на ниту една голема манифестација од тогаш.
Со создавањето на моќниот Вардар очекувањата се подгрееа но за жал немаше никаков бенефит. На чело на репрезентацијата од септември 2015 е Симе Симовски, сега веќе 50 годишен стратег кој има скор 17 порази и 7 победи. Неколку пати бевме блиску до пласман но губевме во баражите лесно.
Репрезентација низ годиниве се мачи да го пронајде својот идентитет, оној кој го имавме од времето на најдобриот светски десен бек Индира Кастратовиќ. Составена е од комбинација на играчи од странски и домашни клубови. Костурот го сочинуваат Елена Ѓорѓијевска, Сара Ристоска, Јована Саздовска како најистакнати и во своите екипи и во кариерата, како и искускните Ливриниќ, Стојкоска, Јовановска, Марија Николиќ и Гакидова. Останатите ракометарски се млади и освен голманките сите претежно доаѓаат од македонското првенство.
Е тука доаѓаме до главната тема ! Лигата е составена од 13 тимови, и бележи благ пораст во интересот за настапи. Проблемот е во поставувањето професионални клубови со стабилни финансии, кои ќе им овозможат на девојките стабилност во плановите и посветеност во тренирањето.
Последните години немаме екипа во Лигата на Шампиони а настапите во останатите натпреварувања за жал не се за споменување.
Со надеж дека викендов ќе забележиме 3 од 3, имајќи ги впредвид рејтинзите како и меѓусебните дуели, ветувам отварање на серија на разговори како да го вратиме сјајот на Македонскиот женски ракомет !