Фото РФМ
Вортексот на незадоволството од општеството кое ние самите го создадовме, или дозволивме да е вакво, често не вовлекува во ситуации во кои прстот го вперуваме кон погрешна точка.
На примерот од неуспехот на женската ракометна репрезентација, виновен е селекторот и случајот е затворен. Не, не, имам теза и ќе ја објавам следната недела.
Во ракометните кулоари одамна се разгорува и ситуацијата во машката репрезентација. Да факт е ние не сме можеби на ниво на кое посакуваме, но страстите, често еднострани, создаваат непријатна слика за Македонскиот ракомет. Непотребно !
Непотребна беше циркузијадата по светското, на тема Талески. Човекот е вистински борец, искрен Македонец, а сите знаат што се случуваше со неговото име и со неговото семејство. Темата со Џомба, еден од најискусните и најпосветените, Македонски репрезентативци. Темата со играчи од Алкалоид, со играчи од Пелистер од Вардар, сето непотребно ! Македонија е исклучително мала земја, Македонци има едвај милион и пол, ракометни клубови триесетина, ракометари илјада, професионалци стотина. И во моменти кога Македонија е изложена на страшен притисок и опасност од уништување, ние со нашите клевети и поделби само придонесуваме на непријателот.
Доста е !
Неделава со состав кој е приближно до најдобриот што би можела Македонија да го има, ќе одиграме два натпревари. Двата се однапред добиени и тоа е можеби и најголемиот проблем. Одиме на гости кај Луксембург, чиј единствен квалитет беше желбата за ракомет, сипматичните дресови и антипатичниот балканец. Победа и ништо друго не е тема. Анализата на нивната игра и ростерот, нема да пронајдат ниту една опасност.
Вториот дуел ќе биде многу поинтересен. Не од аспект на тежината на противникот, туку од тежината на разделбата со уште една Македонска ракометна легенда. Џомба ќе се прости од Македонскиот дрес, дрес кој го носеше со голема страст и љубов низ годините. Лик кој сигурно ќе недостасува, но пред се ќе инспирира и мотивира !
Џомба фала за се !
Турците се регрупираат, па ја менуваат и стратегијата. Легитимно. Во првиот дуел во обид преку наметнат наратив за нивни натпревар од можеби најголемо историско значење, успеаа да им ги врзат рацете и нозете на своите играчи, па Фалангата ги прегази уште во првите стотина метри. Овојпат со активирање на ракометни пензионери, и со имиња со ракометна тежина, најверојатно ќе сакаат стресот да го ампутираат. Тоа за нивна жал нема да биде доволно. Македонија, со овој ростер и оваа клупа е пресилна.
Два натпревари во кои ние Македонците, треба да покажеме кохерентност, сплотеност и единство, на кое ниту внатрешните ниту надворешните непријатели не се навикнати.
Со срце за Македонија
P.S. Утре испраќаме еден многу драг пријател, ценет доктор и страствен Рукометен занесеник, Доктор Слиш, Александар Крстевски, Вечна слава !