Неколку сценарија за ракометниот Шампион на Македонија

Фото РК Еурофарм Пелистер

Во сабота во Битола ќе се одигра најважниот натпревар оваа сезона во Македонскиот ракометен шампионат. Потребата од издвојување нај, играч, сезона, натпревар, клуб, одсекогаш создавала дополнителна тежина.

Изминатиов период во различни ситуации, аналитичари, стручњаци, аматери, играчи и медиуми се обидоа да предвидат каква ќе биде разврската на оваа сезона. Во подкастот ПАСИВНА со Џоле и Славе и јас и Бице имавме свое видување.

Денес ќе го најавам мечот преку неколкуте можни, а напишани од мене, сценарија.

  1. Натпреварот во Битола го добива Пелистер. Конечно долго очекуваната титула назад во Битола. Пелистер во своите витрини има 6 трофеи. Два од самиот почеток на Македонската ракометна лига, како самостојна Македонија, уште три во периодот до 2000 година, и последната од сезоната 2005 та. Во ова сценарио е запишано дека следи помирување на навивачите со управата, таа пак останува со Пелистер и потпишува нов договор, анекс на ракометната Платформа. Битола задоволна со титулата, но со измешани чувста од фактот дека доколку ЕХФ ја прифати номинацијата за настап во Лигата на Шампиони, натпреварите ќе мора да се играат во Борис Трајковски, во Скопје. Во ова сценарио е јасно дека после една изгубена сезона за Македонскиот ракомет, повторно се враќаме во клубската елита.
  2. Натпреварот го добива Вардар. Тие во годината која може да им биде последна на вака сериозно ниво, сепак имаат ростер кој може да биде шампионски. Битола доживува финално разочарување, спонзорот се повлекува, зелената ера незапочната, Скопје ја потврдува доминацијата, НО, големо НО, ЕХФ нема да му дозволи на Варадар настап во Лигата на Шампиони, Македонија конечно го губи рејтингот. Колку време и колку пари ќе се потребни за враќање во елитата во овој момент тешко е да се предвиди.
  3. Натпреварот завршува нерешено, но во последното коло Вардар губи од Алкалоид. Титулата по спореден пат стигнува сепак во Битола. Сценарио со многу скршени срца, но сценарио кое и овозможува на Македонија сеуште сериозно присуство на големата сцена. Пелистер игра во Лигата на Шампиони, Вардар е повторно под знак на прашалник, но можеби критериумот за настап во Лигата на Европа и не е толку строг, па добива директно место во групите. Алаклоид игра квалификации и со малку среќа влегува во групи. Имаме и едно место во ЕХФ купот, се надевам, се ќе биде во ред .

Вредно е да се напомене дека темите со најжестоките навивачи се повторуваат. Вардар на почетокот од својот подем ги имаше Комитите на трибините, но по серија инциденти се огради од нив, како и Пелистер од Чкембари неодамна. Конечно е дојдено време во кое на жестината манифестирана преку инциденти, насилство и самоволие и се кажува СТОП. Навивајте од срце за својот клуб, не го мразете противникот и уживајте во спортот !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...