Дерби е град но и област во Англија. Исто така Дерби е годишна трка за тригодишни коњи, основана 1780 година од 12-тиот Ерл од Дерби и се одржува на Епсон Даунс во Англија кон крајот на мај или почетокот на јуни. Дерби во премиер лигата како термин пак, се користи за натпревар помеѓу два локални ривали.
Е, ние како мала и политичко економски безнадежна земја, Македонија, во спортот си бараме задоволство но и бегство од реалноста. Па така имаме неколку ривалства и сакаме секој дуел помеѓу ривалите да го означиме како Дерби.
Ривалствот помеѓу Вардар Пелистер е повеќеслојно.
Настаните во ракометна Македонија изминативе неколку години исполнети со подеми и падови. Клубови се креваат, стигаат високо па тонат. Да не ни биде досаднo некој рече.
Металург тоне од 2013-2014, Вардар падни стани, а Пелистер под закрила на Битола и Еурофарм е во подем.
Е ако ја разгледаме структурата на досегашните Шампиони на Македонија евидентно е дека само 4 града учествувале во распределбата. Велес и Ресен по еднаш и тоа е инцидент, сето останато оди во Битола за Пелистер и во Скопје за Вардар и Металург.
Значи Битола чека титула од 2004/2005 кога Пелистер како Кометал беше шампион. Ние скопјанчиштава се изнагледавме титули, па дури и две европски, па сосема ни е јасно дека температурата во еден од најстудените градови во Македонија е висока.
Битолчани се во одлична серија. На десет последни натпревари во сите конкуренции се без пораз. Вардар пак тепа дома губи во Европа. Битолчани се и во позитивен играчки подем, атмосферата на високо ниво, одбраната одлична, а и Бабиќ по критиките се зафати за работа. Скопјанине, остана без Вујо мајсторе. Делуваа лошо несредено, Михајловски повлече стратешки потег и го избрка Вујо.
Иако овој натпревар безмалку ништо нема да реши, сепак го привлекува вниманието токму поради настаните кои му претходеа. И можеби за првпат од многу одамна Пелистер е благ фаворит.
Повик за сите љубители на ракометот, денеска среда 15.12.2021 во Битола Пелистер Еурофарм го пречекува Вардар !