Вечерва во ракометниот храм Борис Трајковски започнува да се испишува новата ракометна историја. Иконата на македонскиот ракомет капитенот Кирил Лазаров ја презема контролата на командниот брод. Ова е новата генерација а тој е и Пикард и Рајкер и Лафорџ, Кире е на од ЕХФ потврденото жешко столче.
Паралелно со кариерата на Кире, растеше и интересот за ракометот во Македонија, растеа и амбициите и желбите, не дека ракомет пред него немаше но едноставно се поклопуваа работите. Така некако сакам да биде и текот и исходот на вечерашниов натпревар.
Откако го допревме дното резултатски за жал и тактички а уште повеќе мотивациски, неборејќи се за светиот македонски дрес, капитенот, селекторот од саботата има повеќе од еден предизвик. Но, нека се поклопат работите…
Нема подобар момент да се преземе Македонија. Се враќа една од легендите, Жути, па во еден момент на паркет би можеле да имаме постава: Манасков, Кузмановски, Миркуловски, Лазаров, Ѓоргиевски, Стоилов и Митревски на голот. Играчи кои имаат сериозна улога и минутажа во своите тимови, и играчи кои се страшно искусни во вакви дуели.
Данците доаѓаат само на 7 часа во Скопје, данците изјавија дека незнаат што да очекуваат од натпреварот. За данците ова е апсолутно неважен натпревар.
Доколку селекторот извршил корекции пред се во одбраната а тука го има во стручниот штаб и Јоноски и Ангеловски кои повеќе време поминаа крвави отколку здрави на паркетот, и доколку искусните како што најави, издржат егал во првиот период па отидеме на пауза со например 10:12 резултат, па малку да го подигнеме темпото во второто полувреме, да погодат данците една две стативи, Никучот да фати две три акробатски а Деки да истрча некоја контра, Столе да ги извади од патики … некако да се поклопат работите…
Еве нека биде 27:26 за Македонија….И данците мирни, во недела ќе можат поподготвени да ни се реваншираат и ние со полн плен.
Подобро деби неможев да изсонувам !
Напред Кире, Напред Македонија !!!