Многу интересна ситуација имавме на натпреварот Вардар Кил. Во ситуација кога Вардар беше во напад, Тото се обиде да направи блок но беше санкциониран од страна на судиите со ПРОБИВАЊЕ.
Минатата недела Вардар за разлика од Пелистер кој ја крена формата, доживеа уште еден пораз. Овојпат од Пик. Имаше многу виновници и многу причини. Судиите сигурно не беа фактор. Но дали критериумите на сите судии кон сите клубови се подеднакви? Погледнете ја ситуацијава:
Прилично иста ситуација но овој пат Тото не беше заштитен од судиите. Нема ПРОБИВАЊЕ ?
Прашање упатено до нашиот Центар за Анализа на Ракометните Правилата и нашиот Ѓорѓи Начевски.
Пробивање, одбрамбениот играч се движи и прави исчекор кон Тото. Блокот е неправилен!
Како многупати досега бевме во право. На Вардар пак останува да го крене нивото на игра и ваквите ситуации да бидат во втор план.