Фото РФМ
Глорификацијата на насилството, толеранцијата кон неприродното и стимулирањето на медиокритетството не доведоа така блиску, како човештво, до дното !
Малкуте емотивни, вистински вредни и трајни, моменти незнаеме и неможеме да ги доживееме и овековечиме како што заслужуваат.
Уште една Македонска ракометна икона, го одигра својот последен танц, а неговиот чекор одамна повеќе наликуваше како да лебди над паркетот.
Гоце Ѓеоргиевски, Џомба ти благодарам за се што и даде на Македонија !
Македонија се пласира на уште едно значајно натпреварување. Долго ние пркосиме на многу светски ветришта, па не има и таму каде не помислувале да не посеат. Искрено, во овој формат во кој безмалку секој посериозен веќе чука на вратата, но сепак, Македонија е во континуитет од 2012 па навака. Честито, не е за потценување.
Големиот број на коментари, за стилот на играта, за изборот на играчите, за водењето на натпреварот, за ротацијата, за залагањето на поединци, за учинокот, не го даваат потребното НЗС. Или несакаат или незнаат, или третиот параф од првиот пасус е на сила.
Македонија како држава и Македонците како народ се под опсада од почетокот на овој век. Ниту прокулин за жал не ни ги отвара очите. Па од една страна ние се делиме по секоја можна основа и прилика, дури и сценарија за запалена сала се коваат за в сабота во Битола,
Лудило !!! Од друга страна внатрешниот непријател со торнадо в грб од нашите стратешки партнери веќе ја оцрта границата и промовира главен град.
Што ми е поентата? Дефокусот од реалните проблеми, стравот да се реагира таму каде што најмногу боли, создаде ситуација во која се фрлаат дрвата и камењата во сосема друга цел, најчесто погрешната.
Македонија според рејтингот кој е во слободно паѓање, според клубовите кои немаат ама никакви резултати во Европските натпреварувања и според бројот на играчи кои играат во сериозни клубови и во сериозни натпреварувања, воопшто не би требало да игра ни на светско ни на европско. Точка.
А натпреварот? До повредата на Кузмановски ги имавме сите конци под контрола. И покрај 5 погодени стативи, 6 изгубени топки, но и инспирираните, Томовски, Ѓеоргиев и Јагуриновски, се беше во ред. Да не заборавиме дека натпреварот беше добиен уште по ждрепката, пред некоја година, а верификуван со десеткувањето на Турција на нивно тло.
Она што се случи понатаму, зборува само за неискуството на поголемиот број на играчи, за малиот грч од важноста на натпреварот за една од најпитомите икони, Џомба, но и за карактерот кој полека го формира и овој тим и овие играчи.
Македонија победи со пресврт од 7 голови за десетина минути. Не е лесно тоа, нели?
За многумина Македонија е се што имаме, за останатите незнам!
Вкупно 11 играчи се запишаа во листата на стрелците, бројот на изгубени топки 10, стативи вкупно 7, Томовски на 38% одбрани, тука има многу добри симптоми. Само ние треба да се соземеме малку и фокусот да го насочиме кон вистинските непријатели на Македонија.
Македонија во јануари ќе игра на европско првенство. Во Германија, ветената земја за многу напатени Македонци, повторно црвено жолтата ќе вирее, момчиња, тараси, шалови, никогаш северна и едно имаме ќе се пееат…
Скопје 30.04.2023
Македонија 30:27 Турција