Битолски синдром, 2 дел !

Фото РК Пелистер

На почетокот на натпреварот ништо не наговестуваше дека повторно ке бидеме сведоци на ново продолжение на битолската сага.

Напротив, фантастичниот стајлинг на тренерот Бабиќ, со акцент на елегантните чевли, за момент создаде слика како всушност треба да изгледа еден стратег на модерна и сериозна екипа која е дојдена по победа.

Одлично скениран противник, подготвена тактика и одлично мотивирани играчи излегоа на теренот и создадоа притисок врз противниците. Загреб делуваше немоќно, а Шола на клупата се прашуваше каде ли сега ќе бара работа? Видовме феноменална одбрана 6-0, и прекрасно беше чувството што бедемот го сочинуваа мојот одбранбен миленик и апсолутно незаслужено отсатен од репрезентацијата, ултимативниот борец Мики Куковски, малку подзаборавениот талент Кукуловски и фантастичниот поранешен репрезентативец Гоце Ојлевски. Кога одбранат е врвна, а на голот имате квалитетен голман како Чаневски, кој безмалку секој втор удар го бранеше, победата се смешкаше од напад во напад. А во нападот, критикуваните Периќ и Никола Марковски играа како преродени. Периќ беше апсолутно нов човек, пробивен, одлично реализираше и разигруваше. А Марковски потсети на неговите најдобри денови. Акцентот сепак беше на Бабиќ, имаше одговор и бараше решение за секоја промена. Впрочем одбраната на Пелистер до 36 минута може слободно да се гледа на часови по модерен ракомет.

И тогаш се случи црвениот картон за Ојлевски, судиска реакција за еден не толку груб но повеќе невнимателн потег за кој во последно време судиите доделуваат црвенкартон. Како се да се сруши, и од тој момент веќе гледавме друг клуб и друг тренер.

Пелистер до крајот даде само 11 а прими вртоглави 19 голови. Во отсуство на неколку интересни играчи пред се Мандалиниќ, Кушан , Велковски и Маџовски, Пелистер беше на пат да оствари многу голема победа. за жал синдромот проработе па сега со нетрпение го очекуваме следниот дуел за да видиме дали за него постои терапија?

СЕХА Лига 06.02.2021

Загреб Пелистер 27-24

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...