Blitzkrieg

Би било едно од објаснувањата за промените во Металург, а во тој дух и денешната победа против тимот на Струга.

Со само неколку одиграни натпревари, а веќе го коментиравме тоа, https://samorakomet.mk/posle-bitka/shto-e-porazlichno-vo-avtokomanda/ и https://samorakomet.mk/analiza/on-the-road-again/, новиот стручен штаб во духот на блицкригот ја трансформураше скопската екипа.

Па така иако ростерот сеуште не е комплете, Марковски и Тарабокија немаат минутажа, тимот делува компактно, сериозно и безмалку добро пополнето на секоја позиција. Впечатокот го надополнува и залагањето на безмалку сите, како и говорот на телото кој јасно од лузерски го трансформираа во авторитативно победнички.

Па еве и неколку забелешки во тој контекст од денешниот натпревар.

Металург играше без измена, безмалку 18 минути. Видовме експлозивност, трчање, брз центар, трансформација. Безмалку сите елементи на модерниот ракомет. Малиот Додиќ со јаен патоказ од тренерот беше невозможно да го пратат, Момир Рниќ, кој патем за мене е и играч на натпреварот, експлодира. Лазаревски одличен во одбрана, Дупјачанец додека имаше свежина ловеше безмалку се. Одбраната на високооктанско гориво до 20 тата минута прими само 5 голови. Хорват класа !

Од друга страна стружани не би го имале епитетот најракометен град ако лесно се предаваат. Тие и покрај огромниот број на грешки, сепак успеваа да се вратат и да ги користат сите слабости на домаќините.

Серафимов немаше свој ден, Лазаревски пак немаше среќа, а кога Марковски го уфрли бејби Рниќ, Тео Тодевски, кој онака почетнички направи неколку грешки, стружаните уфрлија во петта и безмалку дојдоа до егал.

Е тука видовме и една величина, тренерска, педагошка, Иве повика Тајмаут, го искара Тео но го остави во игра. Е овој тогаш се заблагодари на довербата и советите и испорача 4 проектили, најавувајќи ја својата кандидатура за нов македонски деснорак бомбардер.

Стружани жилави и упорни, но сепак со премалку играчки решенија, за жал и со многу малку струшки штоф, не се предаваа. Па така кога Металург уфрлаше комбинирани постави, со кои Марковски даваше шанса на поголем број играчи во својата постава , Струга опасано се доближуваше.

Сепак, физичката сега обновена подготовка ги даде своите резултати. Металург мирно го доведе до крај натпреварот, притоа безмалку сите расположиви сили беа уфрлени. Тарабокија и Марковски сеуште ровити не влегоа. Тарабокија изведуваше само пенали, а Василије дали од педагошки или други причини денеска не го видовме. Во втората половина и Даниел на голот го даде својот удел во сигурната победа.

За Металург допрва доѓаат вистинските испити. Дали ќе бидат подготвени ќе дознаеме наредната недела кога го играат големото дерби со Вардар во полуфиналето на македонскиот куп.

Кај стружани Рајатовски, Ракочија, Димитријевски и Николиќ беа најдобри поединци.

08.05.2021 Скопје Македонија

СЛ Разигрување

Металург 35 Струга 28

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...