Далеку е Манхајм

EHF EL

1785 километри е оддалечен Манхајм од Битола.

Рајн Некар Ловен е ракометен клуб од Мајнхајм, Германија, настанат како спој на два клуба Кронау и Остриген, во 2002 та година. Салата САП собира вртоглави 14500 навивачи. Два пати ја освојувал титулата во шампионатот, три пати во купот на Германија, сето тоа во последниве години. Од 2009 година непрестано настапуваат во Лигата на шампиони или во Европскиот куп, сега Европската лига, имаат 2 четвртфиналиња, 3 полуфиналиња и една титула. Во тимот имале и имаат плејада на истакнати ракометари, еден од можеби најдобрите средни бекови на планетата Енди Шмид е сеуште носител и главен процесор во нивната игра, за нив играа и тројца македонци, крилото Манасков, голманот Ристовски и бекот Талевски и во таа сезона беа шампиони на Германија.

Сега малку статистика, која за воља на вистината неверојатно педантните европејци, нотирам оти ние балканот не чиниме, сеуште неможат да ја состават во целост и без грешки. На пример од статистиката може да заклучите дека на ниеден натпревар во лигата на шампиони и европската лига, ниту една екипа нема загубена топка или Turnover = 0 …

Германците постигнаа 28 голови од 44 шутеви или 64% реализација Македонците 20 голови од 41 шут или 49% реализација Напади реализирани 61%, Пелистер 45%, Голмански интервенции 9 со 31% успешност, Пелистер 7 со 20%. Пенали 3 од 3, Пелистер 0 до 1. Официјално технички грешки 2, Пелистер 5 Асистенции 13 наспроти 5 Нивните крила постигнаа 15 голови нашите 0 голови. Така полека без длабока анализа стигнуваме до резултатската разлика -8.

И сепак прекрасно беше да се гледа пресметката на двата стратези. На одбраната 5-1 од Бабиќ, Швалб нападна од крило, на нападот 7 на 6 на Бабиќ, Швалб непрестана да прави фаули ризикувајќи го дефанзивецот Нилсон кој доби црвен картон…на 2:2 во 10 тата минута и рачната на Бабиќ, нотирам дека и јас така некако замислувам како би се обидел да се спротиставам на Рајн Некар Левен, Швалб уфрли во трета а луцидниот Шмид демонстрираше што значи да си 100% на натпревар. Збунувачки за Пелистер беше што најдобриот поединец и мега засилувањето, Мандалиниќ, никако неможеше да се пронајде, дали носи лоши спомени од Сап арената или можеби едноставно небеше воопшто присутен, 0 од 6 за шут и безброј изгубени топки штета. Со еден реченица Пелистер беше на семинар по современ ракомет, добро за секого, за Бабиќ, за играчите, за навивачите не толку, но можеби го добиваат Периќ како реализатор и Велковски и Мараш како фактори покрај Стјепановиќ на десната позиција, можеби треба да размислат и за трет голман, Рајн Некар има 5, на терен беа четвртиот и петиот денеска, претераната ротација во одбраната дали е предност или повеќе конфузија… Да размислат и околу нападот, колку повеќе ги анализирам нашите екипи се повеќе нотирам дека акција за крило едноставно нема ! Се прашувам зошто ? Се прашувам зошто нашите екипи имаат најмногу прекршоци во напад од позиција на пикер ?

Прашања и забелешки за кои можеби ќе добиеме одговор во следните месеци. Пелистер има уште 7 натпревари во групната фаза и доволно време за корекција во играта.

До следниот натпревар од ЕХФ Европската лига срдечен поздрав

24.11.2020 ЕХФ Европска Лига

Рајн Некар Левен 28 Пелистер 20

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...