ДЕРБИТО за Вардар

Летното мирно попладне во Скопје, не наговестуваше колку возбудлив дуел ќе гледаме. Одамна притисокот врз Пелистер и Битола е огромен. Од нив се очекува да го детронизираат Вардар, во отсуство на друг конкурент од супер лигата. Пелистер вложи многу во играчите и стручниот штаб. Се очекуваат и вложувања во инфраструктурата. Не е тајна дека Битола трепери, а впрочем со веќе остварените две победи во ланското првенство и во супер купот, и повеќе од јасно е дека Пелистер е тука негде.

Во салата, публика помногубројна но и пожестока од средата. Поголема група на комити со срце чекаше да го испали арсеналот на навивачки песни. За жал останаа овојпат без своите најсрчени ривали, Чкембарите. Какво ли дерби ќе биде кога салите ќе можат да се полнат до последното место и кога верните навивачки групи ќе си ги завземат своите позиции.

Во една таква убава атмосфера започна натпреварот. Судиската двојка, најдобрата, Начевски Николов. Пелистер во ростерот без Мараш, Граѓан, Кукуловски, Ивановски. Вардар уште посиромав. Ги немаше Кудуз, Валчак, Диало, Кевин Њокас, Принц Али, Чувара.

Се играше безмалку гол за гол. Периќ и Кушан од едната страна, а Моралеш и Талески од другата, беа во главните улоги. И Бабиќ и Вујовиќ, во од ја менуваа формацијата и во одбрана и во напад. Под притисок на дербито и едните и другите грешеа. Очигледен беше силниот интензитет во дуелите, но исклучително фер и џентлменски. На гол кај вардар Ристовски со скромен учинок од другата страна неприметни Секељи и Кизиќ.

И така до безмалку крајот на првото полувреме, кога со една мини серија вардарци ја создадоа дотогаш најголемата предност, 15-11. Атмосферата зовре и само полувремето дојде пребрзо за да ја смири.

На почетокот на вториот дел, битолчани посконцентрирани, брзо се доближија но не успеаа да израмнат. И повторно натпреварот влезе во еден израмнет тек. Кога најпрво се појави Секељи па безмалку во серија фати 2-3 пенали, домашните почнаа да грешат, кај едните нервозата се крена а кај гостите надежта се врати. Беше само гол предност за Вардар. Но тогаш одговорите за Вардар стигнаа на голот од Томовски а во нападот на очигледно преродениот Талески. За Пелистер веќе немаше надеж.

Одличен натпревар од аспект на возбуда, видовме и доста добри индивидуални но и тимски акции. Кај Варадар фантастичен Дибиров, одлични Моралеш и Талески, кај битолчани, Кушан најдобар со својата лебедова песна. Каде се двата тима во моментов во својата форма сепак ќе дознаеме во следните недели. За Вардар веќе в среда кога во Скопје доаѓа вицешампионот Алборг, а за битолчани со почетокот на лигата на европа.

23.09.2021 Скопје Јане Сандански

Супер Лига Македонија

Вардар 29 Пелистер 25

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...