Денеска во Скопје сите честитки на адресата на Стефче Алушевски !
Конечно го видовме Вардар во вистинско светло, за жал на Пелистер, во најлош можен момент. Дербито во најава, не ги оправда очекувањата. Вардар беше подготвен, знаеше како и впрочем имаше повеќе расположени играчи. Тука и потсетување дека 6 од првата постава имаат освоено европска титула !
Почна натпреварот интересно, Пелистер во одбрана веќе препознатлива за него 6-0, а Вардар 5-1, и вардаровата одбрана добро ни е позната. Но оваа вторава работеше беспрекорно, во нападот бриљираа Гаџа и разбудениот Дисингер, Капитенот го имаше на сите страни а често и на подот, па да небеше расположениот и денеска одличен поготово очи в очи, Чаневски вардарци ќе ја имаа победата и многу порано.
Во 23 та минута Бабиќ на -6 состави една убава семакедонска постава, која направи за кратко серија од 4-0, но за кратко. За нотирање и фактот дека иако Пелистер долго играше 7 на 6, Вардар во ниту еден момент безмалку не се откажа од одбранат 5-1 со Дибиров напред. Момент кој можеби ќе треба да го анализираме доколку се појави и на други натпревари.
Од друга страна Бабиќ во себе препознатлив стил ротираше често и многу па на моменти имавме и хокеарски измени. Кај Пелистер одлични пред се Чаневски па потоа Граџан и Мандалиниќ.
Дека победата на Вардар беше чиста и дека како што и самиот Бабиќ напомена неговите играчи беа пред се ментално исцрпени, а можеби и неподготвени, спиејќи на крилата на двете пријателски победи лани, говори и фактот дека првото исклучување вардарци го имаа во 57 та минута.
Ова беше слатка одмазда на Алушевски кон поранешниот клуб, а можеби и најава за дуелот со Веспрем. И како што на шега Александар искоментира дека цитирам
Алушовски пак кобен за Пелистер, а башка знае и како против Веспрем ! може да се понадеваме на возбудливо осминафинале.
27.03.2021 Скопје Македонија Супер Лига
Вардар 35 Пелистер 27