Македонија на празник не губи !

На кладилниците не треба да им се верува. Неколку денови дебатиравме како е можно коефициентот да е така високо во корист на Швајцарија.

Како прво Македонија е многу подобра селекција од Швајцарија. https://samorakomet.mk/catch-the-match/svajcarija-za-kraj/ Статистиката во изминативе години е погубна за швајцарците, 5 спрема 0 за Македонија. Ги победивме на првиот натпревар кај нив дома. Тие и покрај двајцата екстра квалитетни играчи Шмид и Рубин неможат да се пофалат со дополнителен квалитет. Ние немаме никаков притисок, имаме нова позитивна енергија и сме сигурно пласирани. Селекторот нема да остави ништо на случај и ќе сака да ужива, секако со победа.

Кладилниците заборавиле уште нешто, МАКЕДОНИЈА на празник не губи!

Игравме убаво и мудро. Подвижни во одбраната, прилично цврсти и покрај фактот дека гостите безмалку цел натпревар играа 7 на 6. Имавме брз центар, па постигнавме и неколку голови. Игравме и транзиција.

Иако целиот натпревар беше оптоварен со судбината на гостите, почитуваниот Горан Стерјов, како и против Финска беше во право. Го добивме натпреварот на сув квалитет.

Митревски повторно бриљираше, Кузмановски ја потврдува подготвеноста, дури имам впечаток дека и Талески се враќа. Имавме повторно проблем со реализацијата, но растоварени од резултатски императив можеби и очекувано. Прашање е само дали ќе победевме ако Капитенот беше подолго на клупа?

Како и да е, Македонија во континуитет е на голема сцена. Нешто што на никој друг спорт или поединец не му успеало.

Ракометната репрезентација на Македонија е најдобриот амбасадор што некогаш воопшто сме го имале.

02.05.2021 Скопје Македонија

ЕХФ ЕУРО 2022 Квалификации 6 то коло

Македонија 29 Швајцарија 28

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...