Изненадување во Охрид ?

Во Охрид, со новиот стручен штаб но со кратка клупа пристигна Металург. Барајќи рехабилитација и свеж ветар, налетаа на добро организираните, силно мотивираните и очигледно одлично тактички и физички подготвените охриѓани.

Никола Даниловски

Тие наумиле да земат уште еден трофеј од сериозен тим иако плејофот и не им започна сјајно, изгубија од Бутел и Вардар, но по победата над Тинекс Пролет, очигледно апетитите пораснале.

Почнаа сериозно и брзо, прилично модерно, па веќе во 9 та минута имаа предност од 6-3. Иако видовме многу грешки на моменти и нервоза кај двата тима, сепак натпреварот изобилуваше со одлични потези. На Металург му недостасуваше клупата. Влијанието на Иве и Златко, на моменти се почувствува но сепак за посериозен импакт ќе треба повеќе време.

Кога би издвојувал по впечаток, а не по статистика, Даниловски на голот и скоро разменетиот Младеновиќ во одбраната па и во транзицијата, би ги нотирал. Дали Стојановиќ одлично ги подготвил или дозата на одмазда кон поранешниот клуб влијаеше, не го знаеме одговорот. 15-12 на полувреме за Охрид.

Второто полувреме започна по ноти на Металург. Па зазвони онаа старата, квалитетот ќе дојде до израз. НО, сепак, ракометот, спортот, уште еднаш покажа дека не победуваат секогаш големите. Во исклучително неизвесна завршница победата, остана во Охрид.

Честитки за домаќините, а за Металург и новиот “стожер” предстои многу работа.

07.07.2021 Охрид Македонија

Супер лига Плеј Оф

Охрид 27 Металург 26

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...