Легиите на колена пред Македонците, Алкалоид на пол позиција!

Македонскиот концепт во својата 4 та сезона ја демонстрира сета своја моќ. Да, ова сигурно не е лимитот на овој тим и да сигурно тој ќе трпи промени, но факт е дека МОЖЕ.

Низ годините се боревме со дилемите, создавање на играчи или резултат, и најчесто создавањето, беше сметано како скапо, долготрајно и ризично за инвеститорите. Не ретко, аргумент плус беше, немаме таленти, а и тие малку се со лоши антрополошки предиспозиции (или друг беше терминот не сум сигурен).

Во многу кус период бевме сведоци на комплетен ТРИУМФ на Македонскиот концепт. Алкалоид најпрво во тешка и тесна битка ги совлада и Вардар и Пелистер и се закити со првиот свој трофеј во купот. А минатите денови, ниту тешко ниту тесно, ги разоружа не до крај дефинираните Пелистер и Вардар.

Алкалоид носен на плеќите на Серафимов, Митев, Ѓеоргиев, Велковски, Стојковиќ, Симоновски, Џонов, Костески, Карасманакис, можеби пропуштам некој, одличните на голот Кизиќ и Галевски, со минорен скоро небитен придонес од странецот Бинго и со комплетно Македонска клупа, ја демонстрираше сета своја моќ.

Тим кој игра во еден здив, кој ја казнува секоја грешка, тим со мажи за тепање кога треба, тим кој годинава се повеќе се смее и се помалку стрепи од гневот на Кралот на клупата.

Вардар и Пелистер се соочија со релноста, вардејќи се еден од друг, дозволија со своите политики, да се доведат во ситуација да ја губат Пол позицијата. Да првенството е долго, тимовите ќе се воигруваат и ќе бидт се подобри и подобри, но опасноста е реална.

По воведната лесна победа во Супер купот против Пелистер, и истата таква во првото коло против Вардар, како куриозитет се и резултатите 33 спрема 30 во двата натпревари, совршено јасно е дека во моментов Алкалоид ја зазема Пол позицијата во трката по Шампионската титула.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...