Подготвувајќи се за новиот проект САМОРАКОМЕТ пронајдов и почнав да читам доста ракометна литература.
Злате ми вели дека ракомет од книга не се учи и апсолутно се сложувам со него, но сепак хоризонтите се прошируваат и после секој прочитан збор, пасус сликата станува се појасна.
Па така еден руски теоретичар ракометната игра ја поделил во 4 целини или фази:
Одбрана
Контранапад
Напад и
Транзиција
Под транзиција подразбира промена од било која од претходните три во следна фаза.
Денеска Металург ни презентираше што се случува кога си добар само во една или две од четирите целини. Како што Оливер Димитриоски на еден од тајмаутите им се обрати така сите бевме сведоци дека Металург денеска не играше одбрана и не правеше фаули!
Нејсе, во сиот овој мачен и тежок период Металург доби екстра играч. Металург го претстави на пошироката европска ракометна јавност младинскиот репрезентативец, пивотот Андреј Митиќ !
Во надеж за комплетен ростер, му посакувам многу успех и враќање на победничките патеки на шармантниот тим од автокоманда !
ЕХФ ЛЕ Скопје 20.02.2021
Металург 32 Мечките на Чехов 37