Иако атмосферата беше на високо ниво, а благодарение на тн институции во нашата земја кои апсолутно немаат ниту компас ниту мапа, салата беше безмалку пополнета, Вардар сепак го доживеа првиот пораз во оваа натпреварувачка сезона.
Врнежливото Скопје како со денови да најавуваше дека ќе нема место за радост. Така беше и попладнево, ситен досаден дожд. А така некако играа и французите. Ништо спектакуларно но како по ноти. Нив за разлика од сите досегашни гости атмосферата како да не им влијаеше. Напротив како да ги инспирира.
А најави Вујовиќ дека Монпеље е голем тим. Кажа дека се французи и дека мора да се респектираат. Кажа и дека се млади и дека нагости не играат баш најдобро.
Но кажа и дека Вардар е за прв пат фаворит. Како од тука да тргна колата надолу. Вардар се чини погрешно напаѓаше, почна со бековска линија која досега не играше. Лево Кудуз, за првпат. Овојпат од жестоката одбрана видовме само еден фаул, налик на Вардар од едно лошо време. Кога одбраната не функционира, голманите пред стрелачки вод.
Вардар го изгуби натпреварот уште во првото полувреме, Одбраната лабава, не успеа да заработи ни исклучувања доволно за да го оправда епитетот жестока. А изненадувањето на вечерта всушност дечкото кој и на Кил му испорача 7 голови Бос. Вујовиќ се обидуваше со доста измени, но како да влезе во замката на колегата од под Тумбе кафе, па на моменти се чинеше дека ја изгуби и контролата. Големата надеж на францускиот ракомет како што и предвидовме, Вилмино го водеше францускиот тим со 7 голови.
7 на 6 се расипа вечерва и апсолутно не работеше. Вардар прими 5 голови на празен гол а бенефитот беше скромен. На пресот Вујо рече дека поразот дојде во најдобар можен тајминг за сите да се освестиме. Апсолутно не беше задоволен од играта на бековите, а единствена светла точка впрочем како и во сите натпревари досега Дибиров и Тото. Вардар имаше повторно многу стрелци 10, но овојпат сите со лош процент и со голем број на изгубени топки и лоши шутеви.
Како и да е сезоната е прилично долга, па време за корекции и напредување ќе има. Се потсетуваме и на изјавите на Вујо дека за да го склопи мозаикот ќе му требаат 6-7 месеци, а и играчите ќе можат да бидат поискрени кон себе.
Во Скопје, за жал со својот трет триумф го испративме Монпеље, тим кој покажа како треба цврсто да се стои на земја и да се работи за секој бод.
13.10.2021 Скопје Аеродром Македонија
ЕХФ Лига на Шампиони
Вардар 25 Монпеље 31, ах да, и нашиот математички модел за прогноза апсолутно неисправен !