Пелистер започна да ја пишува дипломската !

Фото РК Еурофарм Пелистер

Се поизвесно е дека возбудата што ја нудеше СЕХА лигата не е така висока.

Дури и Бабиќ не беше сигурен во каков стајлинг да се појави.

Сепак видовме една пристојна а на моменти и прекрасна игра на битолчани. Гостите во слична ситуација како и наш Металург, безмалку со една и таа непотполна постава. Тоа допринесе сите да бидат под нивото освен голманите на почетокот на натпреварот. Па така во 8 ата минута беше само 2-2. Како Бабиќ да го испитуваше пулсот на својот сонародник и колега, па откако виде дека е под 80 го стисна и ја реши домашната задача.

Вовед во дипломирањето на Пелистер на тема СЕХА лига. Одбрана одлична 6-0 со искокнување на халфовите, цврсти и стабилни тројка и четворка, одличен Хендави кој беше на безмалку 50% па заокружи и со еден гол. Нападот на моменти мирен но кон крајот фантастичен.

Во првото полувреме само едно исклучување во двете екипи само потврди дека однапред се знае се. Од спротивната страна силен впечаток оставија бомбардерот Рабек, но со својата фризура, бидејќи играта во нападот битолчани максимално му ја лимитираа и тренерот на Татран, Голужа но само со својот есперанто на тајмаутите.

Сигурна победа како вовед во следниот предизвик од ЕЛ

СЕХА лига Битола Македонија 27.02.2021

Пелистер 28 Татран 16

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...