Респираторна подршка

Фото Виктор Христоски

Некаде прочитав дека е ова последната шанса за победа или последната можност за избегнување на клиничката смрт.

Звучи можеби предраматично но Вардар е двократен европски шампион, и трикратен учесник на последните 3 легални Ф4 . Значи очекувањата се високо поставени уште во 2017 ата, а секој кој ќе дојде во Вардар ќе мора да биде свесен за тоа. Иако новата управа се обиде а короната во голема мерка и помогна, да ги амортизира, имајќи наум што се може да се случи.

Една напнатост присутна на теренот веќе подолг период во ликовите, делата, коментарите и реакциите на старите волци, а пресликана и во говорот на телото на новите како да полека добива разрешница. Овој Вардар структурно и кадровски е далеку од оној нашиот шампионскиот. Ќе бидеме и веќе сме трпеливи и ќе им дадеме шанса до следнат сезона да се постават и да почнат да функционираат како часовник.

Зошто ова го зборувам ?

Минатиот натпревар нотирав три ситуации, денеска ќе нотирам уште три.

Првата, екипата игра одбрана 5-1 и прима за 30 мин 20 со букви ДВАЕСЕТ голови, па на повици од онаа иста малубројна но со добри конецкии и протоколарна публика, стручниот штаб ја менува, резултатот е примени 12 повторно со букви ДВАНАЕСЕТ голови. РАЗЛИКАТА Е ОЧИГЛЕДНА !

Вториот пример е истиот од претходниот натпревар и повторно во главна роља Чупко кој очајно бара 6 ти играч на теренот го цитирам FALI NAM IGRAC EEJJ и

Третиот кога во последниот напад Вардар имаше корнер на 5 -6 секунди до крај а ниту еден играч не потрча и времето истече ???

Дали Вардар воопшто има стручен штаб?

Денеска би сакал да позборувам и за прилично високо оценетите за нас многу добро познати хрватски судии Губица и Милошевиќ . Секоја чест за нивниот висок рејтинг, но драги мои зошто го рушите, од Вас се бара фер и коректно судење, помагањето на гостинот за да се избегне по секоја цена врската со домаќинот овој пат беше пренападна. Ве молам следниот пат кога ќе се сретнеме да помислите на момент дека сме скандинавци а не балканци.

Инаку натпреварот безмалку беше пресликување на првиот дуел, прво полувреме без одбрани, иако Вардар имаше почетно стабилна 5-1 со Дибиров напред, која Столе и Талески на халфови, ја движеаа и кон 3-2-1 а Норвежаните имаа доста расположен голман кој симнуваше претежно зицери, сепак заврши со постигнати 37 погодоци.

Второто полувреме беше она вистинското. Норвежаните трчаа погодуваа, судите ги милуваа, транзицијата им беше безмилосна, но Вардар заигра одбрана, влезе Векиќ, Кантегрел врза 5 одбрани, во напад Столе, Тимур и Чупиќ добија одлична респираторна подршка од Гаѓа, за кого ова е втор одличен натпревар, Шеваљевиќ и Кантегрел, а исклучително важна роља и за Георгиевски кој иако на почетокот се мачеше со реализацијата на крајот покажа зошто е врвна класа крило!

Заклучокот е следен За Вардар има многу работа, следната сезона ќе има и нови играчи, клучен ќе биде стручниот штаб. Тој ќе треба да ги подготви натпреварите но многу подобро од сега да ги подготви и играчите, за да не му се случи на тренерот сценарио од вечерва кога легендарниот претставник на Стара гарда Комити Иле Цицка беше испратен кај Михајло да преговара за нов стручен штаб !

Одличен момент забележавме на загревањето кога вардаровите играчи истрчаа со маици со порака за поддршка за кубанскиот голман Кинтана, е тоа е шампионски манир !

ЕХФ ЛШ Скопје Македонија 24.02.2021

Елверум 32 Вардар 35

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...