Скандинавците не поднесуваат балкански студ !

Фото РК Еурофарм Пелистер

Натпреварот Пелистер го доби уште во раната фаза на ова натпреварување во Данска, тогаш на неколку минути до крај имаше 29-28, но битолскиот синдром беше на најјако па несреќно загуби.

НО почнуваше да се надзираат контурите и габаритите на овој тим а со самото тоа и самодовербата на играчите па и на тренерот. Во изминатите неколку натпревари бевме сведоци дека Бабиќ создава тим, создава систем и победнички менталитет. Не се жалеше во ниту еден момент кога некој клучен ќе му недостасуваше, напротив го креваше моралот и јасно им даваше дознаење на сите дека сите се подеднакво важни.

Оваа победа е победа на Бабиќ.

Тој можеби и неспиел деновиве, но на сите им стави дознаење дека отсуството на во моментов можеби двата најдобри и највлијателни играчи, Мандалиниќ и Кушан, како и на забележителните Маџовски и Велковски, воопшто не го интересира, во прв план е тимот а тимот победува не поединците.

Денес во Битола, данците ги нападна со нивното оружје, брзина и трпеливост, ја притисна нивната ахилова петица со дозирана грубост, ги тераше бескрајно многу да шутираат пенали, а тогаш ја нема течноста на нападот и задоволството од истиот, и на крајот на краиштата ги натера бековите на Гог да направат за нив несвојствено многу грешки во нападот. Клучен играч по учинок беше Периќ, кој очигледно сериозно ги примил критиките околу вреднувањето на секоја топка па денес не грешеше, напротив одлично разигруваше, асистираше па и погодуваше.

Дека во Костески Македонија добива вонсериски играч на долги стази веќе е јасно. АИР Струга беше вториот клучен играч на македонците вечерва, по учинок трет, но по залагање, мотивација и севкупно влијание можеби и прв. Македонија добива ширина, попладнево тоа го потврдија и Серафимов а посебно Митиќ во очекуваниот пораз на Металург во Полска и секако од селекторот нотираниот Кукуловски. Овој посебно може да биде значаен поради неговата се подобра игра во два правци. Дејан игра добро и одбрана а не се двоуми да распали и од 10 метри.

И тоа не е се, со феноменалното влијание во одбрана со борбеноста и жестокоста, Кукоски и Ојлески би требало да бидат високо на радарот на селекторот.

Дека на балканците Македонија им годи и дека одлично се чувствуваат и се подобро играат покажаа денес и Граѓан и малиот Матео.

Ако во Вардар тоа функционираше феноменално и на Скопје и Македонија и донесе две титули во ЛШ, Битола може полека да почне да сонува !

ЕХФ ЛЕ Битола 16.02.2021

Пелистер 32 Гог 31

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...