Жељковите први мачиња?

Битола има место на европската мапа. Одлични подготовки пред салата. Публика желна за спортски успех. Спонзор каков што секој клуб може да посака. Но …

Ростерот составен од играчи кои настапувале во Лигата на Шампионите. Мандалиниќ, Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ, Марковски, Велковски, Секељи, Граџан, Кукоски, Кизиќ. Можеби и некого погрешив. Бабиќ се жалеше дека клубовите од ЛШ имаат поинаков квалитет.

Ним е исклучително јак тим. Без дилема. Како што зборувавме во суперлативи за Монпеље, безмалку истото важи и за нив. Но …

Пелистер слабокрвен, малодушен, не трчаше, промашуваше пенали, од Дебоне направија голман од светска класа. Борбеноста на минимум, но чинам и уиграноста, како да не тренирале. Со 7 на 6 се мачеа и тонеа. Во напад споро и неинвентивно, ракомет од олимпијадата во Минхен, ама оние послабите репрезентации.

Почетокот на второто полувреме и добрата игра на Пелистер го изненади и Бабиќ. Тој веќе подолг период ја слуша Оди си …од трибините. Ниту тактички ниту енергетски па на моменти се чинеше дека и физички неможеа да парираат. Пелистерци со спуштен гард. Единствен детал од кој сите може да бидеме задоволни е бројот на изнудени пробивања. А да и Граџан беше непогрешлив. Премалку !

Кои се причините? Дали екипата е слаба, дали слабо се подготвувале, дали слабо тренирале, дали Ним во моментов е прејак, дали Бабиќ на сите им е веќе преку глава? Недостасуваат ли јаки дуели? Ним доаѓа од дерби со ПСЖ а Пелистер од дуелот со кадетите на Будимир.

И на крај ја нотирам и енергијата на Бабиќ на тајмаутот за -3, браво ! Конечниот резултат во споредба со изведбата сепак одличен.

Ако по народната првите мачиња во вода се фрлаат, Бабиќ ќе има шанса веќе наредната недела за консолидација.

19.10.2021 Во Младост, Битола, Македонија

ЕХФ Европска Лига

Еурофарм Пелистер 21 Ним 26

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...