2 години САМО РАКОМЕТ

Од моментот кога Фичорски ми прати порака СТРАНАТА СЕГА Е ЖИВА, до денес работите станаа многу појасни.

364 напишани текстови, прегледани безброј натпревари, во сала, на кадетски, младински, Прва лига, Супер лига, Лига на Шампиони, Европа Лига, квалификации, СЕХА лига, мажи и жени, европски и светски, Куп натпревари, пријателски …

45.000 читатели прочитале барем една наша статија

105,000 прегледи на постовите

44.000 пати се прегледани нашите видео подкасти

Можам со мирна совест да кажам, мисијата која ја поставивме со создавањето на формата е на добар пат.

Дека зборовите од резимето “САМОРАКОМЕТ e резултат на страста, љубовта и желбата да се промовира, популаризира и помогне во развојот на овој прекрасен спорт РАКОМЕТ” го препозна и пошироката ракометна заедница, потврда се нашите соговорници и гости. Се обидувам да ги набројам сите: Јована Саздовска, Кирил Лазаров, Иван Марковски, Златко Јанакиевски, Кристијан Грчевски, Горан Ѓоргоновски, Дарко Петровски, Давид Дејвис, Веселин Вујовиќ, Немања Прибак, Анте Гаџа, Томислав Јагуриновски, Борко Ристовски, Марко Савовски, Љубомир Савевски, Славе Николов, Ѓорѓи Начевски, Живко Мукаетов, Младен Ракчевиќ, Тања Андрејева, Горан Стојков, Филип Илиев, Илија Темелковски, Тимур Дибиров.

Ви благодариме на сите за безрезервната подршка, за пофалните зборови, за критиките, за ѓибањата и досетките. Заедно сите можеме да му помогнеме на Македонскиот ракомет уште долго да биде наша гордост, наша радост, најдобар Македонски амбасадор !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...