902 километри …

Само 902 километри е оддалечен Дебрецин од македонската фаланга. Ако проклетата епидемија биде ставена под контрола, летово ќе почнеме подготовки. Ќе гледаме фудбал и ќе сонуваме ! Ќе чекаме да дојде јануари…

ЕХФ ЕУРО 2022, 6 то по ред, а вкупно 7 мо европско за Македонија. Од епската одисеја во Србија и освоеното 5 то место, како да сме во еден слободен пад. Но од пред неколку недели како Феникс, македонската ракометна репрезентација под водството на Капитенот, се издигна од пепелта.

Во желбите за групи и противници https://samorakomet.mk/vo-fokusot/zhdrepka1/ ни се испреплетоа многу комбинации.

Но, добивме одлична група. Групата А ќе биде сместена во Дебрецин, а во неа ќе се судриме со Словенија, светскиот шампион Данска и нашите пријатели Црна Гора. Безмалку сите посакувани. Како никогаш досега со сите имаме извојувано победи. И како што вели старата поговорка, На маката се познаваат јунаците, еве одлична прилика да не се затскриваме туку да се натпреваруваме.

По ред, Словенија е една сериозна репрезентација, тим кој освојувал медали но и тим кој знаел да прескокне некое првенство. Со словенците сме се судриле неколку пати, и имаме забележено победи. Тим од кој сигурно нема премногу да стрепиме и секако ќе одиме на победа.

Данска, ја посакавме за да покажеме дека победата во Скопје не беше случајност. Врвен тим !

Црна Гора, делува како аутсјдер. Но е екипа со балкански шмек и можеби ќе треба најмногу внимание да и посветиме.

До јануари има доволно време за Капитенот да ја дотера и играта и ростерот. За фалангата останува само деновите да се одбројуваат!

Со срце за Македонија

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...