Барса Владее, 12 та титула за Шпанците!

ФОТО EХФ

Во викендот кој не предизвика премногу морници, тука на југот, во Келн, Барса, лежерно ја комплетираше дузината Шампионски титули.

Од ракурсот на просечен Македонски љубител на спортот, секција ракомет, финалето ќе остане запаметено како комплетирање на круната со дијаманти на најдобрите светски судии, Македонците Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Маркантни ликови во светскиот ракомет, уште еднаш на терен ја докажаа својата вредност. Авторитативно, самоуверено, со одлично чувство за оваа наша комплицирана од аспект на правила игра, го отсвиреа со стил и ова финале. Круната е комплетирана, па сега во неа сјаат, Финалињата на Европско, Светско, Олимпијада и еве најтазе Лигата на Шампиони.

Поклон до земја! Неколкуминутен!

Изладени после Фарски, што би рекол Ѓоргонот, турнирот помина тивко. Такви горе доле беа и натпреварите, иако во два од трите суштински имаше голема доза на неизвесност. Дали поради ладењето, незнам но некако чувствувам дека актерите не ускратија за врвен ракомет. Дали поради доминацијата на скандинавските играчи можеби, се ми помина некако ладно, млитаво, па и тој Шминкерот, Хансен, си замина тивко, како никогаш да не бил.

Ако треба да издвојувам силни впечатоци, а всушност и сакам, ќе ги извлечам од сивилото следниве: Сестрите Бонавентура, фасцинацијата од мустаќи кај Алборг, Пикери кои не дојдоа до израз, Хансен лидер во изгубени топки, Алборг во финалето со играч помалку заборава да врати голман, Француска артилерија во редовите на Шпанците, Солзите на Дика Мем, Хансен не е Пранди…

Германско шоу за кое сите велат дека е перфектно организирано, иако дефинитивно е приватна забава за малкумина, една од причините и мечот со две острици поради кој ЕХФ никако да прогледа, заврши.

Горчина ми остави и патетичниот настап на една светска мега ѕвезда, која очигледно веќе е угасната. Легитимен обид на ЕХФ за ралика од досегашните, тн ѕвезди, засенет од лошото сценарио, недостиг на сценографија, катастрофалната костимографија и уште посрамниот плејбек. Веројатно кој не гледал ни на крај на памет нема да му биде дека станува збор за некогашната мега ѕвезда, Анастасија.

Да живее ракометот, ние сега си се вртиме кон нашата черга, женско јуниорско светско и машки европски кадетско и јуниорско.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...