Фото РК Еурофарм Пелистер
Во натпревар во кој ни најголемите и вечни оптимисти не се осмелуваат да прогнозираат изненадување, а знам дека клупата не е дел од таа формација, Пелистер чесно загуби.
Ангеловски се обиде, и успеа да ги изненади Ладните, предводени од мојот омилен лик, двојникот на Оливер Драгоевиќ, но немаше доволно сили, или верба, или со новинарски термин расположени играчи за комплетен Шок. Пелистер се носеше прилично храбро, па овој пат само нијанси ја создаваа разликата.
Битола мора да биде трпелива. Од исклучително значење е сите фактори да останат фокусирани на приказната. Македонија нема многу опции, притисната од западните неправди и домашните предавници, чекори на работ, а таму е многу опасно.
Со речникот на статистиката, многу време измина од Черваровиот Металург и високиот имапкт фактор на Македонските играчи во Лигата на Шампионите. Во Битола од 28 погодоци 17 беа постигнати од Македонци, на теренот неретко 5 па дури и 6 Македонци.
Пред години посакував Металург да се заштити со закон, од неодамна и за Вардар имам такви желби, а би рекол, Битола, Скопје, Струга, Кавадарци, Охрид, Богданци, Ресен, Свети Николе, Велес, Прилеп… сите тие центри на ракометот мора да се заштитат!
Битола мора да издржи, да научи да живее и со пораз и со победа, да биде трпелива, да инвестира, да бара да агитира ! Битола мора да научи да вади максимум од посетите на вакви Гиганти, да не се сведуваат само на неколку потписи и селфи за најупорните.
Ракометот е една ретко убава и успешна приказна во Македонија.