Во Скопје во последниот натпревар од првото коло на разигрувањето, гостуваше вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Натпревар во кој победникот беше познат однапред. Послабите тимови секогаш се добро инспирирани во дуели со реномирани екипи, а овојпат благодарение на се посигурниот, легендарен македонски играч а во најава и тренер, Јовиќ, гледавме една прекрасна одбрана. Налик на 3-2-1 или плитка 5-1 или можеби некој хибриден модел, оваа одбрана му создаваше многу проблеми на шампионот. Тој со своите внатрешни проблеми, со недостаток на мотивација, сепак успеваше да најде решение. Овојпат тоа беа крилните играчи, Дибиров а пред се Георгиевски и Димитриоски кои постигнаа 62 % од головите за Вардар.
Многу успех за двете екипи со различни цели во продолжение на разигрувањето а дотогаш сите очи вперени кон македонската репрезентација !
Скопје Македонија 06.03.2021