Минатата недела ја започнавме со: Ах, да, верувале или не, СЕХА е жива. Неделава неколку натпревари од СЕХА но продолжуваат возбудувањата и во машката и женската супер лига.
07.02.2022 17.30 ч Партизан Еурофарм Пелистер СЕХА Лига
Искрено сум вчудоневиден од изјавите од таборот на црбнобелите. Во ситуација кога битолчани се апсолутни фаворити, мотивирањето на тимот е единствено оправдување.
08.02.2022 17.30 ч Војводина Вардар СЕХА Лига
Натпревар важен за Вардар за консолидација и увид во малку пореалната форма.
09.02.2022 16.00 ч Еурофарм Пелистер 2 Струга Македонија Супер Лига
Популарната Двојка, моментите на славата ги доживеа со епската победа против Вардар. Одтогаш е и во нашиот фокус.
12.02.2022 16.00 ч ЖРК Куманово ЖРК Металург Македонија Супер Лига Жига Плеј ОФ
Битката за титулата започнува. Кумановки во поинаков состав од минатата сезона, а девојките од Автокоманда неможеа да фатат ритам во регуларниот дел од сезоната.
13.02.2022 16.00 ч Вардар Еурофарм Пелистер 2 Македонија Супер Лига
Колку овој дуел е интересен, јасно е на цела македонска ракометна јавност.