Супер лигата го потврди своето име !

Фото РК Тинекс Пролет

Денеска после подолг период имавме ден за ракометно уживање. Можеби тоа не беше супер модерен и брз ракомет, но беше ракомет за сите сетила.

Борба, одбрана, изненадувања !

Денот очекувано почна со сигурната победа на Пелистер против Струга. Но честитки за Бабиќ кој воопшто не калкулираше и на терен ги имаше најдобрите. А дека Струга е можеби најракометниот град во Македонија а можеби и пошироко покажаа денеска на терен држејќи ги фаворитите будни безмалку цел натпревар.

Вториот натпревар беше соочување со реалноста за скопски Металург, “Т REX” од Пролет е веста на денот, Матлиевски е тренер на денот а Ласко Андоновски играч на денот. И како што почитуваниот Југо, Костовски, воочи за време на преносот, говорот на телата на играчите на Пролет покажа дека се решени и дека можат да победат. Од друга страна во континуитет говорот на металурзите е поразителен. Да небеше расположениот Калуѓеровиќ, можеби немаше да пишуваме само за поразот ами за катастрофата на Металург. Тинекс Пролет екипа составена од докажани ракометари надополнета со млади таленти и поранешни младински репрезентативци сериозно ја наметнува кандидатурата за изненадување на сезоната.

Третиот и по квалитет можеби на хартија најизедначен дуел од друга страна не врати во деновите кога ракометот беше контактен спорт. Жестока одбрана, пожртвуваност и многу многу страст. Кико Грчевски го надмудри Раде Стојановиќ, и двајцата дадоа пример како се води и мотивира екипа. Екипата на Бутел во комплетно реновирана сала во првото полувреме прими само 7 голови ! Браво !

Прекрасен ракометен ден, во контекст на долго најавуваната можеби најјака лига на балканот. Ако е тоа така не очекуваат многу добри ракометни пресметки

Супер Лига Разигрување Македонија 05.03.2021

П.С. Благодарност до МТВ и Ракометната федерација на Република Македонија што ни овозможија да ги гледаме сите натпревари !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...