ФОТО РК Вардар
Прес конференциите често даваат само вовед, но понекогаш откриваат многу меѓу редови. Е клучот е во способноста за таквото читање.
Вардар е пред еден од најголемите императиви оваа сезона. Загреб мора да падне !
“Шпанскиот волшебник” овој двобој го ослови со зборот Класико. Тоа само по себе доста кажува. Во таа ситуација сите анализи можат да паднат во вода, па моменталната инспирација и мотивација да бидат клучот за успехот.
Накратко за Загреб
ТИМ
Загреб е навистина респектабилен клуб. Основан далечната 1922 година, два пати ја има освоено Лигата на Шампиони, 29 пати домашното првенство, 6 пати шампион на Југославија и еднаш СЕХА.
ИГРА
Играта на Загреб е нешто што би можело да се нарече балканска пред се Ју школа. Расадник на хрватски репрезентативци.Често менуваат тренери но не и менталитетот.
ИГРАЧИ
Погонувани на хрватско гориво и малкумина странци, погледот застанува на добро познатите Чупиќ, Гојун, Муса, Обрановиќ, Ивиќ, како и на новите снаги Чавар, Кларица, Мандиќ, Срна, Вистороп… ех кога би имале ваква ширина и од македонски играчи !
ТЕРЕН
Вардар игра дома, протоколите попуштија, рака на срце и кога не беа попуштени, атмосферата беше впечатлива. По победата во Франција апетитот кај многумина се врати. Сите услови за добар натпревар се исполнети.
СУДИИ
Хорачек и Новотни, имам впечаток дека почнаа да разбираат македонски!
МОТИВ
Наративот за балканскиот КЛАСИКО доволен мотив за сите, чувствувам и сакам за нијанса борбената готовност да е на повисоко ниво кај црвено црните.
ШТО ТРЕБА ВАРДАР ДА НАПРАВИ
- Да одигра жестока одбрана
- Да го анулира недостатокот на среден со добра ротација
- Да има голмани како досега
Среда 23.02.2021 СЦ Јане Сандански, Скопје Македонија, 20:45 ч
ЦЕЛ ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ !
PS Една од иконите на Вардар, Иван Чупиќ, за првпат во Скопје по разделбата.