Рубриката на кумашинот CATCH THE MATCH, ја сметам за една од најиздржаните како по идеја и концепт така и по нашиот ангажман околу неа.
Во многу наврати изминатава година покажавме дека сме многу блиску во предвидувањата и очекувањата. Во одредени написи погледнувавме срамежливо кон кладилниците и коефициентите. Неретко тие знаеа да погрешат па шеретски тврдевме дека кладилниците од ракомет не се разбираат.
Е ама времињата се сменија па никако неможеме да ги изненадиме. Или никој.
Вардар вечерва има чиста 10.
Еден не така стар, но прилично духовит па и би додал помалку култен српски филм ја обработуваше темата на неверството, љубовта, борбата на ангелот со ѓаволот. Е во него, во некое од продолженијата, имаше еден лик кој во една безизлезна ситуација вели:
“Мислим шта речи еееј”
Tака некако се чувствуваме денеска во рубрикава. Што да се каже, Кил е институција. Вардар можеше да биде.
Се што вечерва ќе се случува и нема да биде пораз поголем од 5-6 разлика за нас ќе биде фер. Се над 5-6 ќе биде бруталната реалност, а реми или победа SF.
Џомба изјави дека покрај повредените и болните играчи има и други пропратни работи кои влијаат на формата. Е токму тие нас најмногу не загрижуваат.
Вујовиќ пак посака две од три, или меѓу редови ако нема тв пренос полесно би ни било.
Како и да е, на повидок е расплетот околу сагата Вардар. Веќе на 16 ти се соочува со Еурофарм Пелистер, во натпреварот на сезоната. А тогаш ќе знаеме во која боја ќе продолжи да чекори ракометна Македонија.
Црвено-црна или Зелена.
Вечерва во 20,45ч, Вардар нагости кај Кил !