Фото РК Вардар Денис Дуковски
Ангела (Меркел) замина во историја.
Вардар го испративме, го прежаливме па го испративме во Кил. Не очекувавме ама баш ништо, напротив стравувавме.
Фокусот на развојот на настаните во управата и структурите, во иднината на клубот. Е во тој момент Вардар изигра можеби една од најубавите партии. Од оние кои ги изгуби се разбира.
Повторно имаше долга листа на стрелци, 11. Имаше голман, Мартине ти си чудо од дете ! На моменти имаше брза и цврста одбрана. Имаше и тренер кој делуваше стрпливо. Вардар статистички беше подобар од Кил во повеќето категории. Процент на реализација на напади, процент на успешен шут, процент на удари кон рамката на голот, подобар процент на успешно изведени пенали, а дури и во категоријатра каде ЕХФ се срами во континуитет, изгубени топки !
Вардар беше добар и во некои категории кои не се мерат. Изблокирани шутеви сигурно имаше 4-5, обиди за враќање во натпревар, 2-3 …
Во воздухот лебдеа неколку импресии. Анте Кудуз, дали е ова истиот играч кој е на врвот на листата кандидати Промашување на сезоната ! Тото, дали е можно дека не успеа Вардар да го задржи. Тимур, не паметам последен пат кога бил изваден од игра затоа што не му е ден. Дуле, сите знаеме дека ќе пресече топка на 5-1 високо поставен. Чувара, нема минутажа, а требаше да биде човек на пресвртот. Дали конечно Талески е на прав пат?
За доброто на Вардар и македонскиот ракомет победа над Загреб во следното коло на гости е императив!
Од вечер кон која со стравување стрепевме, видовме сепак чесен пораз.
02.12.2021 Германија без Меркел
ЕХФ Лига на Шампиони
КИЛ 32 Вардар 30