Во крикот на капитенот во тимската прегратката на крајот на натпреварот откриваме многу важни пораки.
Но ајде прво за шпанецот што вондредно студирал на Хогвортс. Тој не побара време, ниту играчи, не се пожали на ростерот, ниту на распоредот. Тој едноставно ја промени крвната слика на Вардар.
Видовме дека едно момче кое трпеливо ја чекаше својата шанса заслужува многу повеќе. И не само со три, четири луцидни потези, ами и со ладнокрвноста и со самодовербата. Тој практично го изигра цел натпревар со минимални грешки имајќи го впредвид времето кое досега го добивал во Лигата на Шампионите. Овој од насловов сепак видел нешто во него.
Дека една од клучните состојки на шпанскиот систем и еден од клучовите за вардаровите успеси, повторно е во функција ни покажаа безмалку сите.
АНТИЦИПАЦИЈАта ги поремети французите. Толку пресечени топки, украдени, па тоа ме враќа во шампионските денови. А домаќините, нив самоувереност ги уби. Тие го потценија Вардар како никогаш досега. А традицијата е проклета. Па зарем заборавија како досега си поминуваа во дуелите со Вардар?
Ротацијата и исцрпувањето на максимум од секој поединец уште една одлика на шпанецот. Сем Крстески и Чувара, како и епизодната секвенца за Гогов, сите останати активно учествуваа во овој за многумина шокантен триумф. Во воведните победи сезонава Вардар имаше и по 11 стрелци. Вечерва сите што влегоа погодија, вкупно 12 !
Одбраната, врвна, брза подвижна, жестока, како што секој може да посака. Пенали, исклучување, црвени картони, примени само 10 голови во првото и спуштање на французите на за нив поразителни 25 погодоци.
Сега доаѓаат минутите за мојот пантер, Мартин Томовски. Овој човек со огромна енергија, со страст и жар, тој едноставно е … останувам без зборови.
Се враќам пак на волшебников. Дел од системот можеби и клучен е подготовката. Колку тој добро го подготвил и предвидел натпреварот, можевме само да претпоставиме по нервозата кај французите. Тие беа прочитани и немоќни.
Столе со можеби најдобрата партија изминативе години, а со минимална минутажа, луциден како само што тој може да биде, со еден мангупски гол, многу важен и со крик кој можеби долго го чувал. Па да речем од времето кога предвиде дека Вардар се враќа 10 години наназад,
Дејвис Мајсторе, ти благодарам што го врати Вардар во живот после клиничката смрт. Ти благодарам што веруваше во Мартин и Мартин. Ти благодарам што се врати!
На Вардар му остануваат уште три натпревари и не би бил јас баш навивач ако не почнам со калкулации за 5 то место.
16.02.2022 Францускиот десант успешен ЕХФ ЛШ
Монпеље 25 Вардар 28