Фото ГРК Тиквеш
Одговорот на ова прашање, го барам низ годиниве наназад. Сведочев на историски моменти, сонувам за нови. Но, постојано со еден прашалник, може ли ракометот да прерасне во сериозен играч во светот на забавата.
Да,
кратко и јасно, иако недостасуваат еден куп фактори. На пример, сабота попладне, дерби во Кавадарци, гостува двократен европски шампион. Од Скопје до Кавадарци стигнуваме за отприлика еден час и 15 минути, трошиме не повеќе од 1200-1400 ден за патни трошоци, гориво и патарини. На пример да сме 4 ракометни фанатици, нешто повеќе од 300 од човек. Влезницата е 150 денари на пример. Нека биде и 300, стигаме до 600 ден.
Е сега што во Кавадарци, а зборувам за сите сали и градови ми недостасува!
Прво, пред салата сме подготвени да потрошиме уште некој денар. Две пива и порција колбаси, може и ќебапи или некој локален специјалитет, нека бидат 400 денари и да ја заокружиме илјадарката. Симпатична фан зона со навивачка музика, може и некој гол со младинските сили па и некој предизвик, шутни пенал и слично. Нумерирани седишта за на мир да си го допијам пивото, чисти тоалети, и ниту една запалена цигара по ходниците. Не барам многу, нели?
Атмосферата во Јасмин Одлична, Битола добива сериозна конкуренција во квалитетот и знаењето на ракометната публика. Тие безмалку цел натпревар учествуваа, активно. Тимот има одлична интеракција со нив и пред, но и по натпреварот. Однос злато вреден.
На теренот се судрија две концепциски слични екипи (неколку македонски играчи засилени со легија балканци и по некој егзотичен примерок), но со различен бекграунд (Градскиот РК со сериозна и цврста поддршка, Скопскиот во потрага по својот идентитет). Судирот беше и на клупата и се чини дека и таму беше одлучен победникот.
Вардар иако прилично десеткуван долго беше во натпреварот, иако се мачеше од првата до последната минута. Тиквеш, одлично подготвен, силно мотивиран, прилично дисциплиниран, знаеше што сака и што може и на крилјата на одличната атмосфера дојде до една исклучително важна победа. Победа која може во голема мера да го детерминира понатамошниот развој на клубот. Впрочем и поразот на Вардар очекувам силно да влијае на неговата пак судбина.
Натпревар од некои стари времиња, машки, цврст но исклучително витешки. Многу пот, малку и крв, победа на домаќините и ерупција на трибините.
Калориите потрошени па по препорака на младите полициски сили пред салата се упативме кон легендарниот Мерлин, да заокружиме до 20 евра буџет. Таму запознаваме уште еден локален херој, девојката која го води дуќанот и во исто време командува со персоналот од 6-7 луѓе и послужува дваесетина симултано, секоја чест на одлучноста и ладнокрвноста.
Колклу го сакам овој ракометен туризам беа зборовите на Ѓоргонот кога тргнавне за дома!
За крај го издвојувам Раде Стојановиќ како добитник на денот. Негонтинчанец со потенцијал да стане Кавадаречка легенда, но и со потенцијал за влез во една малку посериозна тема:
Game of Throne …
ГРК ТИКВЕШ 20:20 РК ВАРДАР 1961