Фото РФМ
Купувањето билети преку интернет сајтови, го доближи шоу бизнисот до најодалечените места и овозможи еднаков пристап за секого.
Од друга страна пак, една плејада тифози или пак маалски мангупи кои имаат репертоар за секој противник и за секоја ситуација имаат лек, и често знаат да бидат 7 миот играч, испаѓаат од игра.
Во континуитет сведочам на натпревари кои се одлично посетени, а публиката не прави разлика. И ако пред извесно време пишував за еден Краток прирачник за навивање, чинам дека сепак нешто имам пропуштено.
Публиката во Борис, не го следеше натпреварот, не направи притисок врз гостите и не им даде крилја на нашите момци.
Следната не наштимана жица беа судиите. Претпоставив дека ЕХФ ќе не пушти низ вода, по кој знае кој пат. Просто овој судиски пар не е еволуиран и не може да се ослободи од генетските малформации наследени геополитички. Желбата да се истакнеш и да им се додовориш на посилните или поповластените, нескриена.
Третата жица, доста необично гостите. Дали Зорман се обидуваше да испрати некаква порака, неиспраќајќи го Благотиншек во напад кога беа со играч повеќе, дали тоа беше тактичко решение или обид за понижување, незнам? Тие Словенците, дојдоа со комбиниран состав, играа прилично банално а победија прилично лесно…
На крајот сме ние, игравме во транс 20 тина минути, некриејќи дека во транс беа само Марко, Филип и Никола, а другиве како да не беа поканети на истата забава. Игравме без идејно, читливо и доста некреативно. Не дека е тоа некое зло но амплитудите во играта ни станаа секојдневие. Ќе мора да бидеме трпеливи и да ги исчекаме, тие се најдоброто од Македонија дефинитивно. Мене ми недостасуваат извежбани акции, вишок за крило, и прецизен пас за пикер, ми недостасува и повеќе крв во одбрана…
Македонскиот ракомет е на добар пат, треба главите високо да ги подигнеме а ракавите силно да ги засукаме, пласманот на европското ќе го завериме со една силна победа во Скопје против Литванија и гостинска против Естонија, реваншот со Словенците прилика за селекторот да извади некој Ас од ракавот и да експериментира.
Со срце и душа, секогаш за МАКЕДОНИЈА!
#одименаевропскосекако