Изминува уште една исклучително лицемерна година. Година во која човештвото, она “цивилизираното” уште еднаш ја потврди својата праисториска врска со приматите и неандерталците.
Војни во функција на мир, во кои секојдневно умираат илјадници деца, мажи и жени, во кои материјалната штета веќе неможе со разумната алгебра да се пресмета, се секојдневие.
Година во која доживеавме понижување, дегенеризам и богохулење како клучна поента на отварање на веќе некогаш, авангардните и обединувачките, космополитски и сечовечни Олимписки игри. Го допре ли човештвото дното?
Неможам да бидам слеп на се што се случува и гласно им се обраќам на сите таканаречени авторитети, желни само за моќ и себе промоција, Од денес со црви, тавтабити, гниди и останати штеточини не комуницирам!
Но да се вратам јас на мојата страст, хоби, мисија или едноставно РАКОМЕТот…
И оваа година веќе традиционално ние ракометните фанатици, за кои незнам прецизно колку не има, но знам дека има огромна бројка, со америчка терминологија, спијачи, кои во текот на годината тук там ќе погледнат некој натпревар, но во јануари сите се будни и сите сме подготвени. МАКЕДОНИЈА игра Ракомет, на светско или Европско небитно.
ЈАНУАРИ
Џомба ти благодариме за се !
Пишував и за едни исклучителни ликови и ги “злоупотребив” за да си разбистарм некои митови:
ФЕВРУАРИ
Имавме уникатна шанса гостин да ни биде Ел Команданте.
Зимскиот преоден рок успешен ! Еден од најдобрите познавачи на Македонскиот ракомет Горан Ѓоргоноски со својата колумна ЧИТАЈ РАКОМЕТ стана дел од нашиот тим!
Џорџ Добредојде, Заедно сме посилни !
МАРТ
АПРИЛ
За првпат службено се зафативме со конекцијата Спорт-Политика, па така ги повикавме претставниците на политичките партии на гости. Прифатија и пристигнаа само двајца кандидати.
Од како паметам за себе сум навивач!
Се обидов да сублимирам краток прирачник за навивање!
МАЈ
На 17 јануари, по крајот на настапот на Македонија на европското првенство, размислував што добивме и дали нешто изгубивме? Како сопруг на бившата жена на врачот (приказната и е позната на редакцијата) од ракав ги исфрлив Фарските, за наш посакуван противник во баражот за светско. Противник кој ќе ни овозможи континуитет, во најкршливата можеби, фаза од како што милувам да го наречам, REBUILD-от на Македонскиот сениорски ракометен тим.
Додека друштвото покрај скарата ги пребројуваше гласовите од изборите и почна да формира владина коалиција, мене ме изеде туѓата срамота! Македонија сруши еден предавнички режи, но Македонија ја срушија, ракометно едни анонимуси.
Има еден настан кој мора да се одбележи. Во еден момент, кога во континиутет бевме незадоволни од судењето на Турците, од кои нескриено сите очекувавме малку ветар в едра, кон нив полета импровизирана топка изработена од згужвано знаменце, дел од одличниот декор в салата. Серафимов појде кон него и го подигна од подот, и кога на момент се исплашивме дека ќе го однесе до судиите, незнам зошто воопшто таква мисла ни пролета, тој го отвори го испегла и го бакна Македонското знаме! Знаевме тогаш, овие деца се дојдени овде да победат !!!
Како во средновековните љубовни романи, со писма се одвиваше комуникацијата помеѓу актерите, клубовите и федерацијата. Сакам-нејќам принципот ни оддалеку соодветен на имиџот на ракометот како спорт број 1 во Македонија.
ЈУНИ
Алкалоид, Вардар и Пелистер, го формираат Македонското ракометно тројство!
ЈУЛИ
Одиме ЛАВОВИ !
После освоени златни одличја на европско и светско првенство во низа на нашата селекција, со претходните генерации ракометари, оваа генерација не УСПЕА, да го повтори успехот и после минатогодишното 9-то на СП, сега е во група со банана ракометни репрезентации од типот Франција, Словенија, Хрватска, Унгарија, во борба, повторно за тоа 9-то место
АВГУСТ
Овој наш тим за жал нема ни глава ни опашка. Делуваат уморно, не мотивирано. Банални задачи не воиграни, од типот кој прима топка по одбрана и кога голманот смее да фрли контра а кога не. Во напад екипата нема акции, или има многу малку или воопшто не ги игра.
Двата турнири немаат своја веб страница. Во денешно време тоа е личната карта и пасошот на секој настан. Пребарување на информации по веб портали и социјални мрежи го сметам за несериозно, но и зборува многу за организаторите.
СЕПТЕМВРИ
Со исфорсирани шутеви од страна на Хосни и особено Фитиљ, битолчани играа по ќеиф на Лазаров, носејќи го натпреварот на терен каде Алкалоид царува. Транзиција. Никола Костески и Арно Бинго, Георгиев, Митев и Серафимов од втор план како на филмска лента се менуваа во улога на егзекутори, а резултатот почна сериозно да оди во прилог на скопјани. Тимот не ја слушаше „свирката“ на Бранче, која требаше да значи „крени рачна“.
Ја започнавме, и сами не сме свесни колку брзо времето минува, четвртата сезона на нашиот јутјуб подкаст. Спортот кој си обезбеди бесмртност во сите предстојни спортски монографии влегува во својата 33 та сезона.
Македонскиот концепт во својата 4 та сезона ја демонстрира сета своја моќ. Да, ова сигурно не е лимитот на овој тим и да сигурно тој ќе трпи промени, но факт е дека МОЖЕ.
Голманот кој му помогна на Вардар во освојувањето на Втората Титула Европски Шампион ! Дејан Милосављев !
Како сме позиционирани во европскиот клупски ракомет ни покажа и натпреварот во Кавадарци. Реконструкција која значи подолг временски период да се работи на оформување на база од играчи, кои имаат антропологија и ментален склоп да „гинат“, создавање домашни играчи кои ќе ја вратат публиката во сала, странци кои ќе прават разлика, а не ќе ја празнат касата на клубот.
Сведочам во подолг временски интервал на еден по мене социолошки феномен, систаматична на моменти и хистерична хајка, по главите на Владо Недановски и Бранислав Ангеловски.
ОКТОМВРИ
Големите македонски спортски брендови го обелија образот во ракометна Европа – за посилна Македонија на СП!
Поддршката од РФМ е клучна за оваа мисија, па тие секое лето се собираат на Маврово, а секоја ЕХФ недела со нетрпение ја очекуваа за повторно да заиграат заедно.
Во Охрид сакам да одам и кога нема ракомет, езерскиот бисер впрочем најубав по крајот на туристичката сезона. На чорба во Лагадин, Белвица во Трпејца, Пица во чаршија и чаша вино во Куба Либре, одам без двоумење. Овој пат зачинето со одличен ракомет би било генијално.
Факт е дека, талентите доаѓаат од за пошироката јавност небитни клубови, Богданци, Гевгелија, Аеродром, Струмица, Петровец, а токму тие клубови се на дното од листата за поддршка. ПАРАДОКС зарем не?!
НОЕМВРИ
Иако, за нешто помалку од година дена ќе влезе во петтата деценија од својот животен век, капитенот на националниот тим (во моментов ослободен од обврски од селекторот, како би се зачувал за јануари) со многу дисциплина, многу работа, трпеливост и „гледање пред својот двор“, чекор по чекор ги достигна височините на европскиот ракомет.
За статистиката и за еден од кандидатите за претседател на РФМ, во новиот подкаст на САМО РАКОМЕТ
ДЕКЕМВРИ
Фејбук имаше нешто против нашиот пост минатата недела, па во неколку наврати го исфрлаше. Но има една за упорниот … Дали Николов и Начевски одсудиле се што може да се одсуди?
Долго време бев убеден дека овој формат на супер лигата во кој имаме и плеј оф, а големите фаворити се судираат повеќе пати е одличен. Но полека на виделина излегуваат и недостатоците.
„кај ќе најме карти сега?“ – му вика чупето, Ракометот во Битола е религија и тоа треба да се искористи во секоја смисла
Збогум 24 та, не сум помислувал дека МАКЕДОНИЈА 2025, ќе има потреба да се ребрендира…