Во среда надзорот на градилиштето ќе изврши увид !
Ќе може да видиме од каков материјал е граден овој Вардар.
Тим
После сите настани со промената на сопственоста и “‘покривање” на долговите кон играчите од старото раководство, новиот Вардар е со прилично изменет состав. Впечатлива е желбата на староновиот сопственик за вметнување повеќе домашни македонски ракометари, па во Вардар пристигнаа етаблирани и надежни имиња. Најзвучно секако Талески, играч за кого со години се крева најголема медиумска прашина, лев бек од 200 см, со и официјално најсилен шут, измерен на последното европско првенство, некој од кого пред се, се очекува да биде лидер во репрезентацијата. Највредно, Георгиевски, земајќи впредвид сето негово искуство на клупски, пред се во лигата на шампиони со Металург, и репрезентативен план каде е неизоставен член долги низ години. Тука се и повратниците и исто така репрезентативци, Јагуриновски и Мишевски, десен и лев бек на кои како, засега изгледа повеќе се потпира Брестовац отколку Алушевски. Од македонските играчи во составот се и голманското дуо, спој на искуство знаење и статистика Ристовски и експлозивната надеж двојно помладиот, 19 години и 38 години, Кизиќ. Левото исто така репрезентативно и надежно крило, во длабока сенка на Дибиров, Димитриовски, како и играчите од поширок список, средниот бек Карапалески и пикерот Гашовски. Или како никогаш досега во Вардар 50%, 10 од 20 играчи на широкиот список. Од новините, Вујин во обидот, да се врати неговата кариера како еден од најдобрите можеби десни бекови во светот. Како име и презиме кое треба да донесе многу сигурност и искуство на натпреварите, па и голови и менторство на десната бековска позиција каде се голобрадите Јагуриновски и Векиќ, потег кој стратешки гледано делува навистина многу мудро, доколку Алушевски така и се постави. Ловро Јотиќ, како уште еден во плеадата средни хрватски бекови кои доаѓаат на ракометната сцена, кој треба да даде импулс, брзина, асистенци и голови, Гаџа, негова замена а би требало да ги има безмалку истиве атрибути. На линијата доаѓа и пољакот Валчак, со скромно искуство но да не заборавиме какви беа кога дојдоа Марсениќ и Мораеш. И едно навидум изненадување, Кантегрел луциден и енергичен голман од Франција, едно за да даде конкурентност на домашното дуо друго и да го збогати веќе сериозното вардарово семејство со играч од една од најтрофејните ракометни нации, Франција !
Навидум испразнетите позиции се надежно заменети, Јотиќ за Скубе, Вујин и Јагуриновски за Толедо, Кантегрел за двајцата Гедбан и Кугис, Георгиевси за Шишкарев, па дури и таа на Криштопанс имајќи ги впредвид димензиите на малиот Векиќ.
Игра
Во воведните 4 кола неможевме да извадиме НЗС. Нотирам и една очајна и недопустлива статистика на официјалната страна на Лигата на шампиони. Те корона позитивни, те повреди, два натпревари одложени, СЕХА воопшто не стартуваше и резултатите и играта се прилично шаренолики. Вардар изигра 3 натпревари дома со променлив успех, победа реми и пораз и само еден нагости оној дамнешниот и првиот натпревар на овој Вардар поразот кај Мешков. Дали Вардар ќе игра тврдо и трпеливо како натпреварите со Мешков и Порто или ќе се наттрчува како со Киелце и Флензбург ќе видиме понатаму. Досега постигнуваше 26,8 голови по натпревар а примаше 27, што е прилично израмнето и можеби во рамките на планираното и потребното за остварување пласман во 8 финале. Впечаток е дека немаше многу исклучувања за разлика од премногу изгубените топки, кои можеби и се клучните за губење неколку бодови. Голманите се топло ладно, а како и не би биле кога и во одбраната сеуште не се коцките докрај наместени. Кога пикерите функционираа а голманите беа над просекот Вардар делуваше сигурен, но кога тие небеа на нивото на ефикасност се чини дека и беа фактор на губење на натпреварот.
Играчи
Костурот го сочинуваат Дибиров Стоилов и Чупиќ, 45 постигнати од 107 голови досега. Како фактори се наметнуваат Ристовски, Јотиќ и Вујин а доколку се биде во ред кога ќе го додадем и Дисингер добиваме респектабилна прва ротација.Допрва ќе очекуваме Алушевски да даде димензија место и учинок во ротацијата од Талески, Валчак, Гаџа, Векиќ Георгиевски и можеби Кизиќ и Мишевски. Навидум иднината е светла.
Традиција
Традицијата е на страна на Киелце, за жал овојпат и коефицинтите во обложувалниците се безмилосни кон Вардар па така коефициентот за победа е фантастични 8,75 до 9,05 кај некои обложувалници.
Терен
Ако за Скопје важи дека е еден од најжешките терени тогаш Киелце и неговата Хала Легионов сигурно е во топ 5 те најтешко освојувани тврдини.
Судии
Швајцарската двојка Брунер и Салах
Мотив
Киелце граби цврсто кон првата позиција и би сакал да ги искористи киксовите на Париз и Фленсбург, со тоа и победата е императив а мотив нема да недостасува. Вардар се бара себеси, поразот во Скопје сигурно ќе ги мотивира играчите но дали тоа ќе биде доволно?
Што треба Вардар да направи
1, Да ги лимитира во движење без топка Карачиќ и Душебаев па решение да мора да бараат спорите но секако добри шутери Кулеш, Гебала или Душебаев.
2, Да ја успори играта бидејќи очигледно подобро се снаоѓа во едно поспоро темпо во кое ќе може да го намали бројот на изгубени топки и помалку да ги троши клучните засега играчи
3, Да го зголеми интензитетот на контакт и фаул во одбранат па со тоа и да им олесни на голманите
Нестрпливо очекувајќи ги резултатите од надзорот…
Цел живот Една љубов
Од рубриката “Бице вели…” .Што треба да направи Вардар за да изненади? Ова прашање за жал, признале или не си го поставувавме и во Скопје пред натпреварот. Нотиравме некои забелешки, повеќето ги погодивме. Ние-да, но играчите-не. Ако сега го поставиме истото прашање, еве што би си одговориле.
1. Столе да “влезе” во натпреварот. Во Скопје ми личеше дека беше останат во соблекувална. Го немаше на линија од 6, го немаше на timeout-те. А битен е и таму и таму. Сигурно е мала криза, нешто можеби го замаглило неговиот ум?!?
2. Одличниот старт со одбрана 5-1, можеби треба да почнеме пак со неа, ама и да останеме подолго во таа формација. Секако таа колку толку ја отежнува комуникациската оска меѓу Хрватска и Шпанија. Секако мислам на оската помеѓу некогашната вардарова машинерија, Карачиќ, Душебаев. Кога тие двајца добија простор, со повлекувањето на 6-0, отиде и мечот во лош правец.
3. Ако имаме голман, а се некако го чекам Картенгел да блесне, можеби баш на овој меч, мислам дека можеме да се возиме до egal, до кај 50 мин. После веќе се е можно.
4. Секако, Вујин и Дисингер ако си го одработат своето во напад и ги дадат своите 8-10 гола ќе биде полесно. Тоа ќе отвори простор и за крилата и за пикер. Само ај, ќе видиме што ќе биде на терен.
Поздрав од скромниот ракометен познавач. Бицевски Александар