САМО РАКОМЕТ S1E9 Давид Дејвис, Веспрем е идеален противник за Вардар !

Давид Дејвис Камара, Извонреден гостин, исклучителна личност, врзан спортски за Македонија.

Во  2014 пристигна за прв пат во Скопје и тоа беше првата задача.

Неколку години во Скопје потоа Русија, Египет и еден вистински предизвик Веспрем од 2018 до 2021, во тие години двe учества на Ф4, едно финале, и една елиминација во четвртфинале.

Дали важи впечатокот, Кога ќе порасне, Веспрем сака да биде Вардар !

Стеблото на Талант !

Во една сезона за Сиудад настапуваат, Зорман, Стефансон, Парондо, Чема Родригез, Алеш Пајовиќ, Метличиќ, Ентрериос, Динар, Дејвис, на клупата се Дујшебаев и Раул Гонзалес! Подоцна и Лазаров е дел од тоj тим. Интересно сите овие се денеска тренери !

Зборувавме за присутноста или можеби доминацијата на шпанските тренери!

Еве малку статистика за шпанските тренери на Ф4 од Лигата на Шампиони. Од 2010, откако е воспоставен овој формат, на сите Ф4 имало најмалку еден клуб со шпански тренер, а имало и најмногу, 4 во 2019 кога Вардар втор пат стана шампион, тогаш Дејвис беше на чело на Веспрем.

Доминантно, од 12 финалиња шпанците добиле 6, а од последните 7, дури 5!

Интересно е дека од сите 12 финални натпревари само 2 пати и тоа 2014, Фленсбург против Кил и 2018, Монпеље против Нант, немало клуб со шпанец на клупата.

ИМПРЕСИВНО !

За крај од статистиката од 16 клубови во ЛШ во оваа сезона 7 имаат шпански тренери.

Сакавме колку што може повеќе информации за шпанскиот систем, за удвојувањето, насочувањето, посветеноста на деталите, за антиципација на крилата…

Уживајте !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...