Во една од своите најдоминантни сезони во ЕХФ лигата на шампиони, ракометната секција на славниот фудбалски гигант од Каталонија, Барселона, ја освои својата 10 та европска тутула.
Респект, 20 натпревари и 20 победи. Последната и најважната во финалето вчера против апсолутните но бесконечно симпатични аутсајдери Олбор.
Финалето за нас засенето од историскиот деби за Македонија на едно големо натпреварување. Македонската фудбалска репрезентација во истиот термин во Букурешт го играше својот прв, историски натпревар на европското првенство.
Како да знае и тие, па ракомет имаше само 6-7 минути. Барса почна мирно, со длабока зона, па данците постигнаа набрзина некои лесни голови, а голманот фати нешто, за почетни 5-2. И тоа беше се !
Барса заигра онака како што знае. Моќно во одбраната, данците само во првото полувреме прокоцкаа 9 топки. Разноврсно во нападот, бомбардираа Циндриќ уште невлезен и од десно при транзиција, Нгесан и Мем од дистанца, крилата пикерите, словенците. Безмалку сите, само Палмарсон кој повреден сепак на клупата, не беше во можност да реализира.
Емотивно беа исцрпени данците. Нивната катарза во 3 циклуси ги испразни. Со Порто, Флензбург и врвот во полуфиналето со ПСЖ. А всушност на почетокот на сезоната не ни сонувале за Келн.
Покрај страшната одбрана на шпанците често земаа нелогични и лошо избрани шутеви, на кои Де варгас со насмевка им се заблагодари и си го бетонира МВП признанието.

Сепак финале какво не сме навикнале да гледаме. Јасно во повеке од 3/4 од натпреварот. Апсолутно заслужено и без ниедна дамка. Барса од далеку ќе ја гледаат сите, а od најдалеку ПСЖ.
Каква ќе биде следната сезона со нетрпение сите ќе чекаме. Ќе се вратиме ли на трибините, ќе го биде ли Вардар, ќе остане ли Раул под Ајфелова?
Северна Рајна Вестфалија
ФИНАЛЕ Лига на Шампиони
Барса 36 Олбор само 23