Фото РК Вардар
Ух, ова навистина беше макотрпна потрага.
Фактот дека вкупно 36 ракометари (под претпоставка дека не сум промашил некој) продефилирале низ Јане, во купот не се двократниот освојувач на Лигата на Шампиони, Јања Војводиќ и контроверзниот Оцвирк, во само неколку сезони, плус дваесетината Битолчани, ме фрапира. На таа бројка ако ги додадеме и уште една не така мала група странци во останатите клубови, можеби и ќе стигнеме до СТОТКА !?
Македонија воопшто не е сиромашна земја. Бројот на гастербајтери не е за занемарување!
Пред да ја испукам листата, да поставам прашање. Дали со смислена, темелна и трпелива работа, барем половина од еврата, кои овие легионери ги однеле со себе, биле вложени во Македонскиот ракомет, како инвестиции во инфраструктура, обука на тренери и развој на играчи, би имале поголем бенефит како држава? Дали би создале врвни играчи? Дали би создале нешто добро?
Па листата, шокантно долга, изгледа одприлика вака:
Тимур Дибиров: Загреб
Игор Карачиќ: Киелце
Вуко Борозан: можеби Ловќен
Данил Шишкарев: ЦСКА Москва
Иван Чупиќ: Загреб
Куни Моралес: Загреб
Данис Криштопанс: Мелсунген
Кристијан Дисингер: Татабања
Калифа Гедбан: Пелистер
Сергеј Горбок: пензија
Глеб Калараш: Пик Сегед
Сташ Скубе: Монпелие
Дмитри Кисељев: СтПетерсбург
Дејан Милосављев: Берлин
Де Толедо: Ваљадолид
Симон Пелко: негде на Кипар
Сергеј Горпишин: негде во Русија
Кугис: дома во Литва или како и да се вика таа земја
Павел Атман: Макаби
Ловро Јотиќ: Нексе
Анте Гаџа: Нексе
Васко Шеваљевиќ: негде во Шведска
Јосип Векиќ: негде во Унгарија
Патрик Валчак: Загреб
Робин Кантегрел: негде во Франција
Марко Вујин: пензија
Јан Чувара: Заглебие
Али Сафар: Кувајт
Куни Моралес: Загреб
Њокасите, за нив немам информација каде се во моментов
Жереми Тото: Нант
Бакари Диало: Тулуз
Стефан Додиќ: Војводина
Анте Кудуз: Букурешт
Андреј Добрковиќ: Дабаш Унгарија
Леонардо Дутра: Ал Ахли
Се разбира анализава се однесува само на последните 5 сезони и во неа не се вклучени годините кога Вардар беше стабилен и атрактивен. Факт е дека како изминувале годините, квалитетот на играчи кои доаѓале бил се полош и полош.
Оттука потребата од една силна и темелна анализа, за состојбите во Македонскиот ракомет, потребата од носење на сериозен и проактивен Закон за Спорт, како и активно вклучување на сите ракометни субјекти и поединци во изработка на една долгорочна Ракометна Стратегија за Македонија.