Пелистер ја брани титулата!

Нескромно признавам дека сум заљубен во некои од своите рубрики.

Понекогаш само жалам што не се занимавам со новинарството, професионално. Да можам да се посветам 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Рубриката на која кумашинот и е кум, CATCH THE MATCH, одсекогаш ме пленела, но изискувала од мене и најмногу ангажман. Да, ако нешто работам сакам да биде како во песната на Балашевиќ.

Ракометниот викенд, за кој често имав забелешки околу термините, почнува денес. Браво, така треба, ќе ги гледам безмалку сите натпревари со доволно време за подготовка и сумирање впечатоци.

Денес Алкалоид го пречекува клубот од градот феномен. Струга е ракометен феномен, постојано и постојано, од таму пристигаат нови и нови ракометари. Дали е до Бељвицата, до Дримот или нешто друго, ветувам ќе откријам еден ден. Тие само пред некој ден станаа Училишни шампиони на Македонија по кој знае кој пат.

Алкалоид по периодот со резултатски потреси, се стаблизира, дури и играта му е се поубава и погледлива. Македонскиот Вицешампион ќе има ѓаволски тешка задача да го повтори успехот од минатата сезона, но во констелација на сегашните односи на силите, вложените средства и бројот на странски аквизиции, сеуште одлично котира.

Во сабота во Јане пристигнуваат Лозарите. Дали Вардар подготвува освета, незнам, но знам дека интензитетот на тренинзите го сменија. Поразот во срцето на Тиквешијата, многу боли. И како што Раде во гостувањето во подкастот се потсети, титулата не се реши ниту во Скопје ниту во Битола, ами во Кавадарци, трилер !

Во недела е најважниот натпревар оваа сезона за Битолчани. Во Охрид! Втор дел од трилерот! И ако кладилниците ја постават оваа утакмица, верувам дека ќе има интерес. Пелистер како никогаш порано, под палката на мојот пулен, делува стабилно. Малку недостасуваше Пурино да влезе и во аналите на Македонскиот ракомет како тренер кој во две сезони, со две екипи, во две различни лиги, прва и супер, не доживеал пораз!

Гладијаторите пак, ама баш ме интересира како го добија името, а не е лошо, патем речено, водени од созреаниот Аљуш, на крилата на најавените засилувања и буџетски и играчки за следната година, ќе се обидат во, и за нив најважниот натпревар во сезоната да направат сензација. Сензација која ќе го врати скопски Вардар на тронот, а ќе ги однесе Охриѓани на високото второ место!

Во Скопје на маргините на колото, дуел на двата преостанати Скопски клубови. Тие погонувани на многу искуство и сиров и млад талент, за сите претставуваа проблем. Во овој двобој ќе си ги одмерат силите и ќе се обидат да го избегнат претпоследното место на табелата.

Кој сака ракомет ќе има што да гледа, а кој сака и да патува, нека вози внимателно кон Охрид, автопатон уште не бил готов !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...