Со несмален интензитет продолжувам да ја нарушувам, како Бице вели, совршената фигура извајана низ минатата 2021 полумаратонска сезона. Ерата на славите е во полн ек! Одбројувам сарми, руска, но јануари со години наназад ми создава и едни поинакви гастро тегоби!
Македонија игра ракомет заедно со елитата, а и тука апетитот ми е одличен. Но не само мојот. Ние македонците, независно колку енергија вложуваат надворешните а нешто повеќе и внатрешните непријатели, не се менуваме.
Сакаме многу и веднаш. Сакаме пласман, ако поминеме, сакаме втор круг, ако поминеме сакаме полуфинале… и така се однесуваме и со сармите и домашнотот црвено.
Минатат зима, рака на абдомен, ракометарите ни создадоа проблеми од повеќе медицински области. Тоа што го гледавме на светското во Египет, како да небевме ние, како квинслинзите да извојувале победа?!
Добиеното место на сметка на една коронарна селекција не го оправдавме. Казната му беше врачена на селекторот, и по еден след на настани, во РФМ одлучија да започне една нова ера, ерата на селекторт Кирил Лазаров.
Почетокот беше спектакуларен, во Скопје падна Данска! Разговарав со многумина ракометни работници, натпреварот го прегледував десетина пати, барав момент кога ќе речам да данците ни попуштија но, тешко некој ќе потврдеше а уште потешко моево неуко ракометно око ќе пронајдеше во играта на данците колебање или откажување. (би замолил секој кој има нотирано таков момент да го обелодени). Лазаров ги истера квалификациите со стил, мудро до крај.
Значи можеме?!
Одбројувам часови до почетокот на снимањето на специјалната серија на емисии посветени на Македонија на европското првенство, овојпат задвижени со сериозен медиумски погон, НАША ТВ, а со сега веќе стандардните првотимци Иве, Бице и Ѓоргон. Одбројувам часови до пеењето на химната, купувањето на сите можни антианги и слични иљачи за грлото, Бице знам има подолга листа на анти ова анти она…
Одбројувам часови до настапот на Македонија на 15 тото европско првенство во ракомет!
Со срце за Македонија !